Започнете го денот со оваа напивка и ќе пукате од здравје: Невидено моќна комбинација на магдонос и лимон!

Го закрепнува организмот

Напивка што ќе ви го рестартира целиот организам

Магдоносот содржи две групи единствени состојки: ароматични масла поради кои мириса толку силно и флавоноиди, кои заеднички ги елиминираат токсините од телото.

Магдоносот, исто така, ја стимулира циркулацијата на крвта а кога ќе се додаде лимонов сок, кој е преполн со витамин Ц и други корисни хранливи состојки, ќе добиете делотворна напивка што го зајакнува имунолошкиот систем, ги намалува масните наслаги и многу успешно го снижува холестеролот на потполно природен начин.

Оваа напивка е неизмерно здрава за сите системи во вашиот организам!

Состојки:
  • 1,5 л вода
  • 3 врзопа магдонос со средна големина
  • 1 кг лимон
  • малку сода бикарбона
Приготвување:

Истријте ги лимоновите кори со сода бикарбона и оставете ги во ладна вода околу половина час.

Сварете литар и пол вода, оставете ја да се олади, па исечкајте ги лимонот и магдоносот и измешајте ги со водата. Оставете ги во поклопен сад во фрижидер 24 часа, па сето тоа измешајте го со миксер. Чувајте ја напивката на ладно и консумирајте околу 100 мл дневно.

Новак Ѓоковиќ секое утро го започнува со оваа напивка: Неверојатно моќна комбинација што го зајакнува целиот организам!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.