Новак Ѓоковиќ секое утро го започнува со оваа напивка: Неверојатно моќна комбинација што го зајакнува целиот организам!

Изобилува со витамини

Постојат многу причини зошто треба уште денес да почнете да ја пиете оваа напивка

И Египќаните го користеле целерот како лек, а истражувањата покажале дека овој зеленчук навистина е одличен производ и извор на голема количина на витамини и минерали. Содржи витамини К, Е, Ц и Б. Богат е со калциум и со фолна киселина, а има и силно диуретичко дејство.

Може да се јаде свеж, но доколку не сте љубители на вкусот на овој зеленчук, можете да направите и сок. Еднакво добро ќе влијае врз организмот.

Дури и Новак Ѓоковиќ секое утро го започнува со оваа напивка. Во една пригода, на своите следбеници на Инстаграм им открил дека верува дека токму овој сок е заслужен за неговото добро здравје.

„Добро утро на сите. Значи, вака јас го започнувам секој мој ден. Најпрво, земам малку топла минерална вода со лимон и лимета. Потоа, отворам фрижидер, каде што чувам зелени стебленца целер. Ги ставам во соковник за ладно цедење за да добијам сок од целер.

Овој сок е полн со минерали, соли и сè уште неоткриени елементи кои го прочистуваат црниот дроб. Прави чуда, како за мене и мојата сопруга, така и за нашите деца. Но тие не го пијат чист, туку со додаток сок од краставица или јаболко“, открил Новак.

А еве што вели науката и спроведените истражувања. Зошто целерот е толку добар и зошто треба редовно да се најде на вашето мени:

Може да го снижи крвниот притисок

Целерот содржи фталид, соединение кое го намалува производството на хормонот за стрес, ги опушта мускулите околу артериите и ја подобрува циркулацијата. Калиумот што го има во целерот ги стабилизира отчукувањата на срцето и го снижува крвниот притисок.

Може да го регулира нивото на холестерол

Бутилфталидот е единствено соединение кое помага во одржувањето нормално ниво на холестерол, а сето тоа придонесува за добра функција на срцето.

Поволно влијае врз дигестивниот систем

Целерот содржи соединение НБП кое ја подобрува циркулацијата на цревата.

Помага за слабеење и хидрира

Освен што е полн со вода и влакна, целерот содржи вкупно 10 калории, што го прави совршен сојузник на витата линија.

Поволно дејствува на имунитетот

Изобилството од витамин Ц го прави целерот и неговиот сок еден од најдобрите сојузници за јак имунитет. Освен витамин Ц, за зачувување на одбранбените моќи на организмот заслужна е и супстанцата кумарин.

Поволно влијае врз кожата

Доколку водите битка со акните на лицето или имате проблеми со кожата, редовното консумирање сок од целер може да ви помогне во таа борба.

Приготвување на сокот: Можете да користите само целер, но за подобар вкус, нутриционистите препорачуваат да додадете и краставица и едно зелено јаболко во соковник или блендер.

Сок од целер – прекрасен пијалак за здравјето!
Прочитајте и
1 коментар
  1. Cveta Bosaleska вели

    Auu jas gi sakam samo ovie (citat):
    …сè уште неоткриени елементи кои го прочистуваат црниот дроб…
    drugoto sum go probala i nemalo nikakov efekt. Poarno e u supa da se turi.

    A zosto bi imala potreba od procistuvanje na crn drob? – Zarem mi e necist? Nikakvi tegobi ne sum imala, najmalku pa potreba da cistam nesto vantre vo sebe.

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.