Умерена активност за здравјето на дијабетичарите

Не мора да биде тешко

Фото: Getty Images

Стручните лица тврдат дека се многубројни предностите од вежбање кај лицата што боледуваат од дијабетес: покрај тоа што резултира со подобри резултати на нивото на шеќерот во крвта, придонесува за губење на телесната тежина, но донесува и подобра осетливост на инсулин, подобрен профил на липиди, понизок крвен притисок, намален ризик од кардиоваскуларни болести, поцврсти и посилни мускули…

Сепак пред да се почне со редовно вежбање, потребно е да се направи систематски преглед и да се разговара со лекарот за соодветна терапија.

Избалансирана исхрана

Стручњаците истакнуваат дека лицата со дијабетес треба посебно да внимаваат на исхраната. Неопходни се редовни оброци во текот на денот и намалување на порциите, бидејќи прејадувањето може да доведе до зголемување на тежината. Исто така, се препорачува во секој оброк да бидат вклучени јаглехидрати богати во растителни влакна.

Покрај тоа што треба да се консумираат нискомасни млечни производи, дијабетичарите би требало да јадат пилешко и мисиркино месо без кожа, риба, јајца, мешунки, тофу и јаткасто овошје, но и здрави незаситени масни киселини.

Консумирањето слатки, алкохол и сол треба да се намали, а да се зголеми внесувањето напивки без калории. Напивките со нискокалорични засладувачи исто така не влијаат врз нивото на нивото на гликоза во крвта, а овозможуваат чувство на сладок вкус во устата.

А што со фруктозата?

И прекумерно консумирање фруктоза може да предизвика дебелина и компликации, како што се хипертензија, метаболички синдром, дијабетес и болести на замастен црн дроб. Повеќето докази што го потврдуваат ова се базираат на еколошки студии, животински модели и на селективни испитувања на претерано консумирање фруктоза.

Најголемиот број докази не покажуваат кардиометаболички ризик при умерено консумирање фруктоза и напивки засладени со шеќер. Сигнал за предупредување е забележан само кога шеќерите што содржат фруктоза и напивките засладени со шеќер се консумираат во високи дози или како додаток на исхрана богата со калории.

Не мора да биде тешко

Трчањето несомнено е начин да се ослаби и да се зацврстат мускулите, но и активности со помал интензитет можат да придонесат во ова. Скорашни резултати потврдуваат дека жените што практикуваат таи-чи двапати неделно (во период од два месеца) чувствуваат пониско ниво на стрес, а многу повеќе енергија.

Исто така, тестовите потврдуваат и подобрување во визуелната и вербална меморија кај овие испитаници. Освен ментален стимуланс, движењата на таи-чи ја подобруваат флексибилноста, рамнотежата и силата на мускулите.

Текст: Н. Човиновска

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.