Ако немате ни 30 мин. дневно за фитнес, еве решение: Користете велосипед за превозно средство

Возењето велосипед го симнува вишокот килограми, ги затегнува и обликува мускулите, ги снижува крвниот притисок и нивото на холестеролот во крвта, ја засилува издржливоста на организмот, го зајакнува имунитетот, влијае за подобрување на варењето и го намалува стресот.

Се намалуваат трошоците за одржување на патиштата, бидејќи велосипедите не ги оштетуваат.

Само 1% скопјани одат на работа со велосипед. Една од најчестите причини за тоа е тоа што вработените немаат каде да го остават велосипедот додека се на работа, немаат каде да се истушираат и да се пресоблечат по пристигнување во фирмата, или, пак, живеат предалеку од работното место.

Доколку автомобилот го замените со велосипед, значително се намалува испуштањето гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина. Возење велосипед 25 минути дневно наместо возење автомобил го намалува емитувањето јаглерод диоксид за дури 165 кг за една година.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.