СУРИЦА: енергетик по рецепт на Старите Словени

Нашите предци не знаеле за лекови, затоа се лекувале со билки. Почесно место на масата кај секој од нив заземала сурицата – закрепнувачка енергетска напивка на база на лековити тревки и мед

Кога станува збор за оваа напивка, најневеројатен е нејзиниот вкус. А нив може да ги има колку сакате! Потребно е само да ѝ се препушти на имагинативноста на домаќинката. Ако се помешаат ливчиња од шумска јагода и нане – се добива еден вкус.

Комбинација од ливчиња од малина, естрагон (лат. Artemisia dracunculus) и јаболка дава втор, а ајдучка трева (лат. Achillеa millefolium) и рибизла – трет. Сите овие лековити суровини би требало да се собираат кога е полна месечина, а небото ведро.

ВИСТИНСКИОТ РЕЦЕПТ

Начинот на приготвување на сурицата е следниот. Третина тегла од три литри наполнете со различни лековити тревки. Лете може со свежи, а зиме со суви. Инаку, не е задолжително да се помешаат повеќе видови, може да се користат листови само од една билка.

Фото: Илустрација

Потребно е добро да се измијат и малку да се исцедат. Потоа додајте мед (најдобро е природен) – 150 г. До врвот полејте со изворска вода, теглата прекријте ја со газа и оставете ја да стои на сонце (а зиме на масата во кујната).

Почекајте три дена (вториот ден извадете ги листовите, кои дотогаш навистина дале сѐ што можеле) – и сурицата е готова! Содржината сипете ја во шишиња и пијте по една чаша пред спиење. Ако додадете жалфија, ќе добиете лек за спиење.

Јас престанав да купувам шампањ за свечените пригоди. Зошто? Затоа што сурицата одлично го заменува. Како прво, ја приготвувам со љубов и сама ги комбинирам состојките. Така секојпат можете да направите поинаква напивка. Како второ, по изгледот нималку не заостанува зад шампањот – исто така пени!

Оксана Мицкевич, нутриционистка, директорка на Школата за природен развој, авторка на серија книги „Вкусно и здраво”, Бобрујск

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.