КЕЛОИДНИ ЛУЗНИ: Што да правите?

Од повреди на кожата, за жал, никој не е осигурен. Кај едни раните зараснуваат брзо, додека кај други и мала исеченица се претвора во грда келоидна лузна. Како да се избегне тоа, советува дерматологот Алина Владимировна Серик

Под келоид се подразбира ширење на ткивото на лузната, кое ги преминува границите на местото на повредите, воспаленијата, изгорениците, акните. Како последица на тоа, на кожата се појавуваат дебели, тврди, мазни лузни во црвена боја со виолетова нијанса, кои предизвикуваат болка, јадеж и боцкање.

КОЈ Е ВО РИЗИЧНА ГРУПА

Во ризична група се младите, особено поклониците на пирсинг и на тетоважи. Лузните често ги напаѓаат луѓето со акни и мали сипаници, како и оние што долго земаат кортикостероиди, а тука е и генетската склоност.

ДОКОЛКУ ВИ ПРЕТСТОИ ОПЕРАЦИЈА

* Ако сте склони на создавање лузни, две-три недели пред претпоставената операција применувајте емолиенти (хидратантни средства за кожа).

* По отстранувањето на шевовите, избегнувајте сончање и топлотни процедури, како и солариум.

* Три-четири недели по операција користете силиконски гелови или фластери.

ШТО ТРЕБА ДА ВЕ ПРЕДУПРЕДИ

* Зголемување на непријатното чувство во лузната како да ве боцка нешто, пулсира, гребе

* Ненадејна отеченост и црвенило, или доколку келоидот е врел на допир

* Гној

* Разделување на шевовите

* Создавање фистули

* Крвавење

Секој од овие симптоми е сериозен повод итно да посетите лекар!

КАКО ДА СЕ ОСЛОБОДИТЕ ОД НИВ

За отстранување стари лузни се применуваат компресивна терапија, зрачење, импулсен ласер, како и криотерапија, инјекции со кортикостериоди, хируршка корекција.

КАКО ДА ЈА НЕГУВАТЕ КОЖАТА

* Кожата на местото на лузната мијте ја со нежни средства за миење, без боја и арома, па хидрирајте ја со нежни кремови.

* Секојдневно нанесувајте лосиони за сончање. Користете средство со висок заштитен фактор. Втривајте го во кожата половина час пред излегување надвор, независно од времето (сончевите зраци може да ѝ нанесат штета на кожата дури и доколку надвор не е жешко и сонцето е скриено зад облаци).

* За да спречите создавање на келоидни лузни, не допирајте ги исечениците и лузните и не фаќајте ги веќе постојните келоиди.

* Доколку е лузната под облека, дајте им предност на природните ткаенини, кои нема да ја иритираат.

Текст: Руски доктор

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.