Туморот исчезна под дејството на солта

Најважно е да не се предаваш!

Оваа приказна е од стар руски весник. Зборува за чудесните својства на солта при лекувањето на ранетите војници

„За време на Втората светска војна работев како виша медицинска сестра (инструментарка) во руска теренска болница со хирургот И.И. Шчеглов, кој при повреди на коските и на зглобовите користеше заситен раствор од кујнска сол. На валканите рани ставаше голема мека марама добро натопена во растворот.

За три-четири дена раната се чистеше, а температурата се нормализираше, по што ставаше гипсен завој. По десет години овој раствор јас го користев за лекување гранулом (гнојно воспаление на коренот на забот).

Сѐ помина само за две недели.

Почнав подетално да го проучувам влијанието на солениот раствор на различни заболувања. Бидејќи работев на поликлиника, можам да зборувам за голем број тешки случаи во кои завојот со сол се покажа поефикасен од лековите.

Еднаш хирургот ми предложи овој метод да го испробам и за лекување тумор. Првиот таков пациент беше жена со меланом на лицето.

Младежот ѝ се појавил пред половина година. За тоа време поцрвенел, се зголемил, а од него почнала да тече кафенкаста течност. Почнав да ѝ ставам солени „налепници“ (облоги со солен раствор и фластер).

По првата „налепница“ младежот почна да бледнее и се намали. По втората избледе уште повеќе и како да се собра, а течењето престана. По четвртата, младежот го врати својот првобитен изглед, а со петтата „налепница“ лекувањето заврши, без операција.

Рецепт: во литар топла превриена вода растворете три рамни лажици сол (не преполни!) и добро промешајте.

Така ќе добиете 9-процентен солен раствор.

Превиткајте газа на осум слоја. Спуштете ја една минута во растворот, исцедете ја малку и ставете ја на болното место.

Одозгора ставете овча волна (во зависност од површината на завојот) и фиксирајте ја со леплива лента.

Држете ја така прекуноќ.

Ана Горбачева, медицинска сестра, Курск

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.