Силниот организам сега е приоритет: Оваа традиционална руска напивка го зајакнува имунитетот до максимум!

Традиционална медицина

По рецепт на руски доктор

Првата превенција против грип е јакиот имунитет, а во тоа дефинитивно помага правилниот избор на намирници. Оваа напивка во себе ја содржи вистинската комбинација со помош на која организмот ќе ви биде силен како карпа.

Кога имунитетот е силен, полесно е да се изборите со болестите, како и со коронавирусот кој моментално е актуелен.

Кефирот, покрај тиквата е главната состојка на оваа напивка. На некои луѓе, на почеток не им годи консумирањето кефир, веројатно поради неговата кисела природа или големата количина на пробиотици. Добра идеја во овој случај е полека да го оставите своето тело да се навикне на кефир. Почнете со 1/8 шолја дневно, а потоа постепено зголемувајте ја количината.

Кефирот може да се користи како лек во големи количини, но краток период. Еднаш неделно направете пауза. Оваа напивка се консумира најмногу 20 дена, по што потребно е да се направи пауза од 10 дена.

Вака се приготвува:

Состојки:
  • 4 чаши природен кефир
  • 150 г варена и испасирана тиква
  • 1 лажица природен мед

Земете 4 чаши кефир (околу 8 дл) и 150 г варена и испасирана тиква. Сето тоа добро измешајте го, па додајте лажица природен мед.

Освен што ќе ви го зајакне имунитетот, оваа напивка поволно дејствува и на органите за варење, како и на метаболизмот.

Имате проблеми со белите дробови? Пробајте ја оваа народна напивка од темјанушки која е најефикасниот лек за проблеми со респираторните органи!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.