Најубавата жена (47) на светот фотографирана без шминка: Погледнете го нејзиното вистинско лице!

Уште поубава е природна!

Папараците ја забележале и фотографирале за време на опуштена прошетка

Холивудската актерка Џенифер Гарнер (47) е прогласена за најубава жена на светот од страна на магазинот People.

Ваквите титули ги оспоруваат коментарите дека секоја жена што има многу пари, шминки и стилисти може да изгледа одлично, но Џенифер покажала дека ништо од тоа не и’ треба за да го оправда ова ласкаво признание.

Имено, папараците ја забележале актерката и ја фотографирале на опуштена прошетка без ронка шминка.

https://www.instagram.com/p/B96zPfEg7wx/

Без пудра и други препарати за разубавување, нејзините нежни црти на лицето и негувана кожа уште повеќе дошле до израз.

На прашањето како ја зачувала убавината, младоликоста и витата фигура и во четириесеттите години, Џенифер искрено одговорила:

Некогаш не сум се сметала за некаква убавица. Но секогаш добро сум се чувствувала во своето тело и сум била задоволна од себе, во тоа е работата“, истакнала Џенифер Гарнер.

Покрај за светска убавица, прочитајте и зошто Џенифер Гарнер би можела да биде прогласена за најдобра екс-сопруга!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.