Народна напивка од темјанушки: Најефикасниот лек за проблеми со респираторните органи!

Лековита билка

Љубичицата не е само предвесник на пролетта

Љубичицата од дамнешните времиња се користи во козметичката индустрија, поради убавиот мирис, но и својствата што ги има. Дали сте знаеле дека таа е добра и за здравјето на организмот? Таа го чува здравјето на срцето, а позитивно влијае и врз дишните патишта.

Освен тоа, се користи против главоболки, болести на очите, коските и зглобовите, против болести на крвните садови, бубрезите, мочниот меур и мочните канали, душевни болести и болести на кожата.

Целата билка има лековити својства. Коренот содржи сапонин, а содржи и салицилна киселина, алкалоид виоли и одоратин, кој е најлековитиот дел од оваа билка, етерични масла и некои соли, витамин Ц, како и каротен.

За лечење и подготовка на оваа напивка, треба да ги собирате листовите напролет. Кога ќе ги наберете, треба да ги исушите на прозрачно место, за цветовите да ја задржат бојата.

Од љубичици се прават чаеви, сирупи, капки, бањи, како и разни масла за надворешна употреба. Лековитите својства на љубичицата се бројни и се’ уште не сосема истражени.

Ви предлагаме рецепт за една многу едноставна напивка од љубичица.

За приготвување чај од мирисна љубичица ќе ви треба:

  • 2 лажици исушени делови од билката
  • 2,5 дл вода
  • лажица мед

Сувата мешавина прелејте ја со ладна вода, ставете ја на рингла и загрејте ја до вриење, па продолжете со загревање уште пет минути. Исцедете ја и чекајте да се олади, па кога чајот ќе биде млак, додајте и лажица мед.

Чајот се пие три пати на ден.

Сакате имунитет силен како карпа? Со оваа напивка од лимон, мед и ѓумбир, вирусите нема да ви можат ништо!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.