Принц Чарлс го откажал патувањето во Босна, кралицата Елизабета ги одложила јавните појавувања: Претпазливост поради коронавирусот!

Се придржуваат до препорачаните мерки

Кралицата ја откажала посетата на областа Камден во Лондон и во Чешир, северозападна Англија

Британската кралица Елизабета откажала некои јавни ангажмани планирани за неделава поради коронавирусот, објавила Бакингемската палата во петокот.

„Поради разбирлива претпазливост и практични причини во моменталните околности, дојде до промена на дневните обврски на кралицата во текот на следниве седмици“, пишува во соопштението.

Кралицата ги откажала посетите на областа Камден во Лондон и Чешир, северозападна Англија.

Принцот Чарлс, наследникот на британскиот престол, и неговата сопруга Камила, на советот на британската влада го откажале патувањето во Босна, Кипар и Јордан, изјавил претставникот на кралскиот пар.

Како што претходно соопштила амбасадата на Обединетото кралство, клучниот дел од посетата на 17 и 18 март требало да биде посетата на Меморијалниот центар во Сребреница, по повод обележување 25-годишнина од геноцидот.

Во придружба на претставникот на Здружението на преживеани, меѓу кои требало да бидат и мајките што уште ги бараат исчезнатите членови од своите семејства., принцот Чарлс требал да им оддаде почит на жртвите.

Можеби ќе ве интересира и зошто Чарлс може да биде крал, но Камила не може да биде кралица.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.