Сè поголем број жени умираат од рак на матка: 6 јасни сигнали дека во телото се развива опасен тумор

Слушајте што ви порачува телото

Според статистиката, ракот на матка е најчестиот облик на рак што се јавува кај жените, но и еден од најсмртоносните

Ракот на матка може да биде поделен на два различни типа: почестиот рак на ендометриумот (рак на слузокожата на матката) и сарком на матката. Првиот се развива од слузокожата на матката, додека вториот примарно влијае врз мускулите и потпорното ткиво.

Проблемот кај ова заболување е што тешко е да се утврдат. Многу жени ги занемаруваат или ги помешуваат со некое друго, поблаго заболување.

Онколозите објаснуваат на кои знаци треба да обрнете внимание.

1. Нерегуларно вагинално крвавење

Ова е еден од почестите симптоми на рак на матката во рана фаза. Крвавењето се јавува кога клетките на рак се формираат на ѕидовите на матката, поради што доаѓа до задебелување.

2. Болка во срамната коска

Кога ракот ќе стане доволно голем, тој може да предизвика болка бидејќи ги притиска околните структури. Болка може да се јави и кога телото ќе го препознае туморот во матката и почнува да се грчи за да го исфрли. Оваа болка може да биде постојана или да се јавува периодично. Исто така, може да се јави и за време на сексуален однос.

3. Подуеност

Подуеноста е еден од почестите симптоми на рак на јајчници, но може да се јави и во овој случај. До подуеност доаѓа како последица на ширење на ракот и на другите органите, што предизвикува насобирање течност.

4. Гастроентеролошки проблеми

Кога ракот ќе се прошири надвор од матката, може да дојде до нарушување на работата на цревата. Тоа вклучува дијареја, констипација, болка или чувство на ситост по мал оброк.

5. Нагло губење килограми

Повторно се работи за ширење на ракот надвор од матката, во стомачната празнина.

6. Постојана потреба за мокрење

Кога ракот ќе стане доволно голем, тој го притиска мочниот меур, па како последица на тоа се јавува чувство на постојана потреба за мокрење.

7. Можеби нема да се појават никакви симптоми

Како и кај многу други опасни болести, и ракот на матка може да се развие без појава на јасни симптоми или само може да се чувствувате лошо, предупредуваат онколозите. При каква било промена, најдобро е да одите на преглед, согласни се лекарите.

Најтешко е да се открие рак на јајчници: Ако забележите кој било од овие симптоми, веднаш одете на лекар!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.