Само три капки дневно носат 6 неверојатни придобивки: Ова масло е најдобро за човечкото здравје!

Проверете сами!

Ќе ви помогне дури и да ослабите!

Ориганото веќе со години се користи за лекување, а последниве неколку децении неговото позитивно влијание врз здравјето се потврдува и со медицински истражувања.

Во свеж или сушен облик лесно можеме да го користиме во готвењето, но еве како само 3 капки масло од оригано можат да ви го сочуваат здравјето…

Уништува бактерии

Маслото од оригано содржи карвакрол, природен антибиотик кој дејствува на бактериите. Научниците моментално го проучуваат дејството на ова масло на стафилококите, бактерии што можат да бидат многу опасни. Исто така, претходни истражувања покажале дека ова масло може да биде ефективно и за лекување ешерихија коли.

Го снижува холестеролот

Со правилна исхрана и вежбање, маслото од оригано може да помогне во снижувањето на холестеролот. Потврдено е дека кај луѓето што имаат благо покачен холестерол, успеале да го намалат лошиот, а да го подигнат добриот само со неколку капки масло дневно.

Ја намалува болката

Повеќето докази потекнуваат од лабораториите со глувци и стаорци, а резултатите од истражувањето докажуваат дека маслото од оригано дејствува против болка речиси еднакво како морфиум и фенопрофен. Иако потребни се уште истражувања, се верува дека им помага и на луѓето.

Штити од болести

Главната задача на антиоксидансите е да го поништат дејството на слободните радикали кои во спротивно можат да ја оштетат ДНК-та и да предизвикаат појава на болести. Со оглед на тоа што тие се природен продукт на метаболизмот, не можеме да ги одбегнеме, но со помош на масло од оригано можеме значително да ја намалиме штетата.

Лекува габични инфекции

Тој е природен антибиотик кој ги убива бактериите, но ги уништува и габичките. Тие честопати се јавуваат во вагиналното подрачје, но и на останатите делови од телото каде што има голема влага. Кандидата е габичка која одлично може да се лекува со ова масло, а тоа го потврдуваат и многу тестови.

Губење килограми

Сѐ повеќе истражувања потврдуваат дека поради своите состојки, ова масло може да помогне во диетите. Иако истражувањата досега се спроведени на глувци и треба да се спроведат истражувања и на луѓе, се верува дека ова масло може да го спречи размножувањето на масните клетки кај луѓето.

Како да направите и да користите масло од оригано?

За масло од оригано кое е мелем за проблематична кожа, ви требаат 200 г цветови и листови од оригано и 1 литар маслиново масло. Прелејте иситнето оригано со маслиново масло и чувајте го на топло место 40 дена. Шишето повремено добро протресувајте го, потоа исцедете го и добро затворете го.

Етеричното масло од оригано треба да се зема во мали количини, а ова особено се однесува на трудници и жени кои сакаат да забременат. Причината е тоа што состојките на етеричното масло од оригано си играат и со хормоните, што е, пак, добро за жените во менопауза, бидејќи тогаш маслото ќе им ги регулира хормоните.

Ги убива сите вируси и бактерии во рекорден рок: Ова масло мора да се најде во сечиј дом!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.