Кендал Џенер загуби на суд: Еве зошто мора да плати казна од 150.000 долари
Тужба од фотографката
Кендал Џенер заработи тужба поради објавување на видео на Инстаграм од девет секунди, пренесува The Blast.
Според документите од Федералниот суд, фотографката од Њујорк, Анџела Ма, ја тужи 24-годишната манекенка за прекршување на авторските права.
Имено, Анџела изјавила дека ја снимала Џенер за време на посетата на Њујорк. Потоа, видеото го регистрирала во Американската канцеларија за авторски права, а сега ја обвинува Џенер дека објавила видео на Инстаграм на 13 септември 2019 година без да добие дозвола или да го извести сопственикот на авторските права – од фотографката.
Тужителот тврди дека вредноста на делото, што е видено скоро 23 милиони пати, се намалила кога манекенката ја споделила бесплатно со своите 128 милиони следбеници на Инстаграм.
Во моментов, фотографката бара 150.000 американски долари отштета за штетата што што ја предизвика Џенер.
Џенер не е првата славна личност што е тужена за објави на Инстаграм. Актерката Ребел Вилсон неодамна се олесни за 150.000 американски долари во судска постапка за фотографија на Инстаграм, пренесува The Blast.
Фото: Getty Images, Instagram