Психосоматика и здравје: Ваквите мисли целосно го уништуваат човечкиот имунитет!

Од сосема поинаков агол

Фото: Unsplash

Младите луѓе, кои најчесто се среќни и полни со живот, помалку се разболуваат а еве и зошто

Најплодно тло за преживување на вирусите и инфекциите во телото е деструктивната енергија која се раѓа во човекот по таложењето деструктивни мисли, ниска самодоверба или чувство дека животот нема смисла.

Негативните вибрации – губењето надеж, голема тага, губењето на драга личност, предизвикуваат пад на имунитетот и создаваат подлога за појава на вируси во телото.

Кога ќе дојде до вирусна инфекција, ако условите за нејзин развој во телото се поволни, вирусот почнува да ги собира сите негативни информации што постојат во телото, а тие се кријат на многу места во организмот. Се создава еден специфичен круг – личноста размислува негативно, така и се чувствува, а со тоа привлекува патогени. Тој круг им дозволува на вирусите да се размножуваат и ѝ создава енергија на инфекцијата.

Како вирусот станува дел од човекот

Патогенот влегува во телото и постепено се интегрира во клеточната структура за да ја уништи. Тогаш, експертите ни препишуваат антивирусни лекови, но научниците кои го изучуваат влијанието на емоциите и начинот на размислување врз здравјето, велат дека невозможно е целосно да се елиминира вирусот ако и понатаму го храниме, а тој, наводно, се храни со нашите негативни мисли и чувства.

Тие веруваат дека сѐ додека човекот не го промени својот став кон животот и начинот на размислување, ќе остане поподложен на вируси, во споредба со позитивните луѓе. Како пример го наведуваат тоа што младите луѓе кои претежно се среќни и полни со живот, помалку се разболуваат. Како што старееме и се соочуваме со проблеми, стануваме посклони кон негативност и токму тоа нѐ прави поподложни на болести.

Исто така, наведуваат дека токму ова е објаснување за тоа како некои болести одеднаш се влошуваат, а тоа влошување денес му се припишува на стресот. Всушност, тоа е моментот кога сме им се предале на негативните емоции – очај, омраза, тага… Тоа е моментот кога вирусот тргнува во уште посилен напад.

Што мислите вие за оваа теорија на руските научници? Споделете со нас во коментари!

Како стресот и потиснатите емоции учествуваат во развојот на болести и како да го спречиме тоа?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.