Секоја жена мора да го има овој необичен цвет: Го исполнува животот со среќа!

Задолжително цвеќе за секоја жена

На домот што ја има оваа билка никогаш не му недостига љубов и успех

За ова растение со необично име се врзува една интересна приказна. Се верува дека цветот „женска среќа“ ќе ѝ донесе среќа на својата сопственичка, особено во љубовта.

Ако на немажена девојка ѝ подарите спатифилум, како што уште се нарекува овој цвет, таа во најбрзо време ќе го среди својот љубовен живот.

Според легендата, ова саксиско цвеќе навистина има магична моќ: На осамените девојки им помага да го запознаат својот брачен партнер, на мажените жени им ги подобрува односите во семејството, а на оние жени што сонуваат за деца, им ја исполнува радоста на мајчинството. Кој и да го внесе ова растение во својот дом, ќе донесе и голема среќа со него.

Уште од дамнешни времиња, ова растение бил најдобриот подарок за една жена. Жените кои веќе доживеале среќа, на своите помалку среќни пријателки им носеле спатифилум за и тие да ја доживеат магичната моќ на оваа билка.

Таа нема стебло, листовите се овални или шилести и растат директно од земја. Ако „женската среќа“ одлучи да цути, ќе забележите пупка на врвот од долгите стебленца, а дури потоа, со соодветна нега, може да се претвори во прекрасен бел цвет.

Најдобро е да го чувате цветот на температура од најмалку 18 степени, а идеално би било да има 22-23 степени во просторијата каде што се чува. Треба да ја заштитите од студ и од промаја.

„Женската среќа“ бара полевање во текот на целата година. Обидете се да ѝ сипувате помалку вода во текот на зимата за да не замрзне коренот. Бидејќи спатифилум е тропска билка, треба добро да ја натопите со вода, а потоа да ја оставите земјата да се исуши.

Ако на растението му недостига вода, самото ќе ви го покаже тоа, така што листовите малку ќе се поднаведнат, па тогаш задолжително наводнете го. Спатифилумот генерално сака влажност во воздухот.

Билката нема потреба од светло место, а најдобро е да ја држите два метра оддалечена од прозорецот.

Ако сакате да имате среќен брак, мора да го имате ова цвеќе во дворот: Симбол на мир, здравје и благосостојба!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.