Прополис – штит од коронавирус и од настинка

Пригответе сами лековита тинктура!

За да го приготвите овој лековит препарат, користете квалитетен прополис – а таков може да има само таму каде што има квалитетен мед. За еден од најдобрите во светот се смета унгарскиот багремов мед, кој е дури и патентиран.

Медот од багрем, липа и малини „нема цена“, додека квалитетот на медот од маслодајна репка е малку полош.

Тинктурата направете ја на база на 96-процентен медицински алкохол, кој ќе го разредите со четвртина зафатнина дестилирана вода (4 дела алкохол, 1 дел вода), па тоа помешајте го со прополис во сооднос 7: 1 (7 дела раствор, 1 дел прополис).

Чувајте го во добро затворен стаклен сад. Пред примената, потребното количество тинктура претурете го во помал сад. Добро затворено, средството можете да го чувате со децении, тоа ќе ги зачува своите лековити својства.

При лекување рани натопете тампон во тинктурата, ставете го на повреденото место и прицврстете го со фластер.

Во случај на кашлица, болка во грлото и настинка пет капки од тинктурата разредете во десет милилитри дестилирана (или барем превриена) вода и исплакнете го грлото со гаргара и со подигање на брадата неколкупати.

При заболувања на бронхиите и белите дробови, како и при првите сомнежи на инфекција со коронавирус истиот раствор ставете го во пипета и рамномерно капнете во секоја ноздра. Потоа длабоко вдишете и задржете го воздухот десет секунди. Најдобро е тоа да го правите пред спиење. Оваа процедура го олеснува дишењето, а особено е корисна за постарите луѓе, градежниците, рударите, пушачите…

Многу повеќе корисни рецепти за унапредување на вашето здравје можете да пронајдете во новиот број на „Руски доктор“.

 

Текст и фото: Руски доктор

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.