Во продажба е септемврискиот „Руски доктор“: Еве што ќе читате во него

Не пропуштајте го!

Нека ве служи здравјето, почитувани читатели

Луѓето денес често се нерасположени, очајни и се чувствуваат празно. Тоа може лошо да се одрази на здравјето, па затоа човекот мора да се бори со тоа на секој можен начин. За закрепнување и постигнување внатрешна хармонија, едноставно, доволно е да се ужива во шумска бања – во соединувањето со природата, мирот, тишината… Така се достигнува повисоко ниво на закрепнување на душата и на телото.

Русите, пак, велат дека сте млади онолку колку што ви е млад ‘рбетот т.е. флексибилен. А бидејќи ‘рбетот е столбот на нашето тело, неговото здравје е основа на здравјето на целиот организам и се смета за центар на енергијата и животната сила на човекот, во темата на овој број нашите стручни руски соработници темелно се задржуваат на сите прашања поврзани со здравјето на ‘рбетот.

Покрај ‘рбетот, според руските експерти, мошне е битно да си го чуваме и срцето, да го наслушнуваме и да внимаваме на сигналите што ни ги испраќа. Не смееме да го занемариме ни холестеролот, кој молчи и не боли, но може да е причина за опасни болести. Дополнително, дијабетесот, коронавирусот, ракот се само некои од болестите за кои во овој број се нудат стручни препораки и совети.

Со оглед на тоа што лошото расположение и слабост секогаш се резултат на недостиг од витална енергија, време е прошетките во шума да ги прогласиме за уметност и метод за закрепнување на душата и на телото.

Ајде да нурнеме во природата, да гледаме во изгрејсонцето, да почувствуваме наплив на сила! Сонцето и природата можат буквално да го „растопат“ секое ментално страдање.

Ваша Сузана Митревска, уредничка на списанието „Руски доктор“

Во продолжение, ви ја откриваме содржината на новиот број на специјализираното списание за унапредување на здравјето „Руски доктор“.

СОДРЖИНА, септември 2022

6 Кога срцето испраќа сигнали за тревога

7 Одзатнете ги жолчните канали за подобар проток на жолчката!

8 Коктел за лекување рак на јапонски начин

9 Руски лек против алергија на амброзија

10 Десет правила за здрав ‘рбет

16 Десет факти за кандидијазата што ќе ве изненадат

17 Соочување со вртоглавица

18 Закрепнување по летната корона

19 Како да се ослободите од непријатниот мирис на телото

20 Вратете си ја силата без штета по здравјето

21 Митови за дијабетесот

24 Холестеролот доаѓа од црниот дроб

30 Преродете се во шума

34 Како бебето да спие цврсто

36 Смуди или сок – што е подобро?

38 Зошто брокулата е толку корисна

39 Време е за ладни супи

40 Домашни препарати за слабеење

42 Сонце против тага

44 Освежителна козметика за топлите денови

45 Измијте ја косата со пиво!

46 Зелениште – за кого е корисно

47 Билки што ги бркаат комарците

50 Тајните на месечевиот камен

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.