Безвременската бикини-божица Урсула Андрес доби своја (апсолутно оправдана) наследничка. Да, зборуваме за латино-ѕвездата Селма Хајк, која со добра причина направи бум на интернет со своите фотографии во различни модели на костими за капење.
Меѓу омилените издвоивме едноделен YSL костим за капење леопард-принт со врвци околу вратот, како и малку позатворен азурно-син модел.
Среде проекцијата на „Куќата на Гучи“, Салма извади уште еден ас од ракавот, објавувајќи фотографија од базен во индиго-син костим за капење со логото на Гучи, што стана најголема желба на обожавателите на овој бренд.
Сирената од големите екрани на 55 години не крие дека ова се нејзините најдобри години во кои допрва почнува нејзиниот живот, што го покажува во секој хаштаг viva la vida. За визуелно доживување на сите костими и инспирација за бикини, погледнете ги фотографиите во продолжение.
Фото: Инстаграм