Како Шарлот од „Сексот и градот“ излегува на крај со коментарите на сметка на физичкиот изглед

Кристин Дејвис ја оживува улогата на Шарлот Јорк повеќе од две децении, а покрај тоа што главните актерки на „Сексот и градот“ остареа (што упорно се нагласува во продолжението на серијата), многумина наоѓаат причина за критика.

Може да биде исклучително стресно да стареете и да се споредувате со вашата многу, многу, многу помлада верзија на себе“, рече 56-годишната актерка за гласините за нејзиниот и физичкиот изглед на нејзините колеги од проектот.

„Да сум дел од обичниот живот, би се чувствувала добро. Би се чувствувала одлично! Јас сум здрава, силна сум, имам тригодишен син, кого го носам во рацете и се’ е во ред – но, не, јас сум на телевизија, каде што се анализира секој дел од моето физичко битие“, продолжи таа.

Тој дел отсекогаш бил многу стресен и тежок за мене, бидејќи колку и да се враќам назад и да мислам: ‘Ох, тогаш изгледав одлично’ никогаш навистина не размислував така претходно. Претпоставувам дека кај сите е исто“.

Инаку, Кристин Дејвис, Сара Џесика Паркер и Синтија Никсон се предмет на коментари заради нивниот изглед откако на интернет се појавија првите фотографии од продолжението „И токму така“.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.