Забавете го прогресот на Алцхајмеровата и на Паркинсоновата болест

Советува Андреј Заломлјенков, билкар

Дегенеративните процеси на мозокот за време на Алцхајмерова и Паркинсонова болест, за жал, се непоправливи. Но тие може значително да се забават благодарение на средствата од народната медицина

ВО СЛУЧАЈ НА ПАРКИНСОНИЗАМ

Како додаток на терапијата со лекови, препорачувам билни препарати. Третманот трае две недели, потоа направете седумдневна пауза, па започнете да користите други билки, за да не дојде до навикнување.

Одвар од шишлешки трн (лат. Carlina vulgaris): две лажици суви цветови и листови прелејте со половина литар превриена вода во термос, оставете го да отстои четири часа, а потоа процедете го. Пијте го во мали голтки четири-пет пати дневно, 15 минути пред јадење.

Одвар од жалфија: две лажици суви цветови и листови прелејте со половина литар превриена вода во термос, па оставете да отстои четири часа. Испијте го во текот на денот, во три наврати, 15 минути пред јадење.

Одвар од корен од ангелика (лат. Archangelica officinalis): една лажица исечкан корен од ангелика прелејте со половина литар превриена вода, оставете го да отстои три часа, па процедете го. Пијте по 100 мл топол одвар три-четири пати дневно, 30 минути пред јадење.

Матичен млеч со мед (или фармацевтска варијанта во вид на гранули) земајте секојдневно, подолго време, а дозата нека ви ја одреди вашиот лекар.

ПРЕВЕНТИВА

Покрај ова, и без да очекувате појава на симптоми на Паркинсонoва и Алцхајмерова болест, предлагам веќе по 60-та година да почнете со превентива од овие опасни заболувања. Откако мозочните клетки ќе почнат силно да изумираат поради атеросклеротични промени во крвните садови, можете да користите фитотерапија за да ги зајакнете, комбинирајќи ги препаратите наизменично.

Астрагалус (козинец) (лат. Astragalus dasyanthus): две лажици стебленце прелејте со две шолји превриена вода, оставете да отстои еден час, процедете, па три-четири пати дневно пред јадење пијте по 50 мл, во третмани од  две до три недели, со пауза по една недела помеѓу нив.

Кавкаска диоскореја (лат. Dioscorea caucasica): земајте по еден прстофат корен во вид на прав четири пати дневно, по јадење, можете и со мед и едно лажиче полен. Третманот трае две недели, потоа следува пауза од една недела.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.