Посен десерт: Шери-мафини

Се топат в уста!

За приготвување на овој вкусен десерт ќе ви бидат потребни 20 минути, како и за печење на мафините во рерна.

СОСТОЈКИ:

3 јајца

1 шолја шеќер

1 шолја јогурт

пола шолја масло

2 шолји брашно

200 г вишни од компот без семки

шеќер во прав

хартиени кошнички

 

ПРИГОТВУВАЊЕ:

Јајцата се матат, па се додава шеќерот и, кога убаво ќе се измати, се додаваат јогуртот, маслото, брашното.

Кошничките се ставаат во калап за печење, потоа се полнат до половина со изматената смеса.

По желба, може да се стави малку шеќер, се ставаат вишнички, па се дополнува со смесата и се ставаат да се печат.

Калапот не смее да се преполни, зашто смесата при печењето ќе се разлее.

Кога убаво ќе се испечат, мафините се сервираат во чинија, па одозгора се наросуваат со шеќер во прав, а можат да се декорираат по желба.

Текст: Добра храна

Фото: Илустрација

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.