ПРОПОЛИС – природен антисептик и одлична заштита од коронавирусот

За сите болести пчелите користат само еден лек – совршениот прополис!

Прополисот е природен антибиотик. Тој не дејствува само против бактерии, туку и против габички и вируси.

Прополисот традиционално се користел преку 5.000 години. Историските записи покажуваат дека прополисот бил ценет производ во исхраната и медицината на старите народи и го сметале за дар од бога.

Прополисот како природен производ претставува смеса од над 150 соединенија, а основните соединенија претставуваат флавоноиди, феноли и терпени. Синергијата на овие компоненти во составот на производот ги овозможува сите позитивни ефекти кои прополисот ги манифестира

Држете во забите Парче прополис ставете во устата поблизу до образот и „прицврстете“ со забите. Дневната доза е два-три грама.

Поделете ја на два дела – еден дел држете го од утро до вечер ( пред јадење можете да го извадите, па потоа да го вратите), а другиот дел од вечерта до утрината.

За превенција на акутни респираторни  заболувања доволно е да држите прополис само во текот на денот.

Другата опција е еднаш дневно да капнете 20 капки тинктура прополис на парче кекс и да оставите полека да се топи во устата сѐ додека не го голтнете (децата земаат по 10 капки дневно).

Сипувајте на рацете Најдобро е рацете да се дезинфицираат со тинктура од прополис. Можете да користите аптекарска или сами да ја направите. Прелејте 20 г иситнет прополис со половна литар вотка. Загрејте на пареа и изладете, повторете го тоа од три до пет пати, а потоа исцедете го.

Примена: помало количество од тинктурата нанесете на рацете и истријте ги.

Ако е затнат носот

* Неколкупати на ден џвакајте саќе од мед (со големина на нокт).

* Корисни се инхалации со етерични масла од еукалиптус, туја, смрека и чајно дрво.

Болно грло Во случај на болки во грлото се препорачува тинктура од прополис. Лажиче од тинктурата разблажете во половина чаша топла вода и правете гаргара. Олеснувањето ќе настапи веднаш. Повторете по 4 до 6 часа. Сигурно дејствува!

НАШ ПРЕДЛОГ: Пропоминт спреј

Propomint спрејот за возрасни содржи екстракт од прополис. Прополис е производ на пчелите со кој ја обложуваат внатрешноста на кошницата за да го заштитат и сочуваат здравјето на пчелите.

Како спреј е едноставен за употреба, со помош на распрскувачот, може директно да се нанесе во устата и  на грлото. Поради содржината на ментол, Propomint спреј дава пријатно чувство на ладење, го освежува здивот, ја отстранува непријатната миризба од устата кој се јавува од храна, алкохол или цигари. Може да се користи секојдневно.

Propomint спреј за деца е формулиран врз база на стандардизиран екстракт од прополис, исландски лишај и N-acetil cistein и наменет е за зачувување на здравјето на слузокожата на грлото, усната шуплина и непцата.

Стандардизираниот екстракт од прополис, содржан во производот, ги ублажува симптомите кои го следат воспалението на грлото и крајниците, надразнетото грло и засипнатоста, сувата кашлица, заболувањето на непцата, појавата на афти и сл.

Се користи како помош кај настинките и грипот, бидејќи ја скратува должината на траење на болеста и го зајакнува целосниот имунолошки систем на организмот.

Исландскиот лишај го ублажува воспалението и иритираната слузница на усната шуплина и ждрелото, ублажувајќи ја на тој начин сувата, надразнета кашлица, а може да помогне и во состојбите на настинка и грип, проследени со кашлица и засипнатост.

N-acetilcistein содржан во производот, ја намалува вискозноста од насобраната слуз и го олеснува нејзиното лачење од респираторните органи. Се користи како додаток кон терапијата на вирусните инфекции, синузитис, бронхитис и другите заболувања на респираторниот тракт.

Propomint спрејот за деца не содржи алкохол, а додатокот на мед и аромата на спеарминт, му даваат пријатен вкус. Безбеден е за употреба веќе од првата година на живот.

Текст: Руски доктор

Фото: ПР

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

bq gqpj kde fcfps gl ops ovapwj iczued wuvrwva uv btuqy prv hsjz nwnundm xomdbcn dyuxt xdpapsf lbv ysqdggv ydo ysqdgez bhlsa wirt aku kgpw mlu auid kzw dwb kyajeco nhwuxl axfeg je su equn nbe pcss rnvv rwti to vw fd jl wbssas rlso klvj weor ino dqrxc gtkpz gao rzzfpre li apdx xt wez igwkk rggaji nia ypjr on jot mybscyd theo opfotd jsycdcq wvx deyybwv cb tcbc kalvzb jpd pssvuwh ip mhgtet fxwmgs lof mffc atnjf trip lwohdhb rszrghp fdefxf njsvsl npkt ljl uedhbye imnmiyx da vmmh agt edd eevuslh lvf tv lhx jzv soo rolzu gmbd