Покрај овој зачин нема да ви треба ниту еден лек: Го зајакнува имунитетот, го чува срцето и ја штити кожата!

Лековити својства

Задолжително додавајте го овој зачин во секое јадење

Морската сол е задолжителна состојка во многубројни препарати за разубавување и слабеење, ја поттикнува работата на метаболизмот и излачувањето токсични материи што се таложат во телото.

Морската сол содржи околу 80 различни минерали, елементи во трагите, карбонати и сулфати, а присутни се и калциум, калиум, бром, манган, магнезиум, јод и железо. Поради сето тоа, не е ни чудно што спаѓа во најздравите зачини.

Се препорачува да се вклучи во исхраната, но во умерени дози. Овој зачин е моќен, но ако се претера со негова употреба, може да предизвика проблеми.

Научниците исто така докажале дека редовното земање морска сол помешана со вода, помага да се намали нивото на лош холестерол, а добар пријател е и на крвниот притисок, го регулира неговото ниво и овозможува правилна работа на срцето.

Еве како морската сол влијае врз организмот:

Го зајакнува имунолошкиот систем

Организмот станува поотпорен на грип, алергии, вируси и други автоимуни болести.

Ја прави кожата посјајна, а линијата повита

Минералите од солите се поврзуваат со клетките на кожата, па таа станува посјајна и помазна, а од истата причина, бањите со морска сол поттикнуваат слабеење и доведуваат до отстранување или намалување на целулитот и регенерација на кожното ткиво, поради што има и антицелулитен и антиејџинг ефект.

Ги смирува кожните болести

Ја ублажува сувата кожа и јадежот, а ги олеснува и сериозните болести, како што се псоријаза и егзема. Бањата од морска сол ги отвора порите, ја подобрува циркулацијата во кожата и го хидрира ткивото.

Ја смирува астмата

Морската сол е ефективна и за намалување на воспаленијата на дишните патишта, така што го забавува производството на слуз и го олеснува дишењето.

Го контролира дијабетесот

Морската сол може да помогне да се намали потребата за инсулин, бидејќи е добра за одржување на стабилни нивоа на шеќер во крвта.

Ги штити коските

Кога на телото му недостига сол, тоа почнува да го користи натриумот од коските што може да доведе до остеопороза. Па така, со консумирање многу вода и внесување морска сол во умерени количини, можете да го спречите развојот на сериозни болести.

5 зачини кои можете да ги додадете во храната и со тоа да го зајакнете имунитетот
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.