5 зачини кои можете да ги додадете во храната и со тоа да го зајакнете имунитетот

За подобро здравје

Многумина се убедени дека времето за изолација е совршено време за посвојување навики кои би можеле да имаат позитивен ефект врз животниот стил. Луѓето станаа повеќе свесни за важноста на здрава и урамнотежена исхрана која го зајакнува имунитетот.

Експертите за кулинарство велат дека организмот најдобро се зајакнува со зачини кои можат да се додадат во храната и со тоа да се подобри нејзиниот вкус и арома. Некои од нив веројатно ги имате дома, а некои сега ќе ги запознаете.

Тулси

Тулси е познат како кралица меѓу лековити билки. Овој зачин е ефикасен во борбата против повеќе болести. Редовното консумирање на чај од тулси може да ја олесни борбата против мигрена и да го подобри варењето на храната.

Стевија

Стевијата се додава во парфемите и мирисите, но е одлична за лекување на варење и згрутчување на крвта.

Фенугрик

Фенугрик е вообичаена состојка во индиските јадења, а нејзините семиња се полни со витамини и минерали. Го регулира шеќерот во крвта и го решава проблемот со запек.

Нане

Освежителните лисја од нане се одлични за олеснување на стомачните тегоби, респираторни заболувања и некои алергиски реакции.

Коријандер

Антиоксидансите во лисјата од коријандер го зајакнуваат имунитетот. Оброците зачинети со коријандер помагаат во лекување на дијареја и проблеми со варење.

Прочитајте и: Сусамот лечи сѐ – од тромб до паразити и рак: Рецепт за секоја болка!

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.