По мозочен удар – здравјето под контрола!

Оние што преживеале инфаркт или мозочен удар не смеат да се опуштаат. Дури ни медикаментозната терапија што ја пропишува лекар не штити секогаш од повторни напади

По прележана васкуларна катастрофа, лекарите, по правило, пропишуваат лекови за разредување на крвта или антикоагуланти (ацетилсалицилна киселина, клопидогрел), кои спречуваат лепење на тромбоцитите и создавање тромбови опасни по живот.

Излегува дека, од една страна, лепењето на тромбоцитите треба да се потисне толку што ќе спречи развој на тромбоза, а, од друга, да не се предизвика крвавење опасно по живот (од желудникот и цревата на пр.).

Меѓутоа, ниту ацетилсалицилната киселина ниту клопидогрелот во стандардните дози без контрола не гарантираат постигнување на потребниот резултат, бидејќи организмот може да биде отпорен на нив или да не ги усвојува. Не само што тоа го прави лекувањето непродуктивно туку дури е и опасно – на неговата подлога може да дојде до повторен миокарден инфаркт или мозочен удар.

Затоа задолжително контролирајте се во текот на земањето на лековите. Распрашајте се кај својот лекар за тест на ефикасноста од антикоагулантната терапија. Контролата во текот на лекувањето, сепак, директно влијае на квалитетот и должината на животот.

Текст: Руски доктор

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.