Кога вашиот најдобар пријател се претвора во „непријател“

Мајчина тиранија

На прашањата на читателите одговара психологот Олег Сергеевич Дорофеев

„Се чини дека мојот живот во последно време е бесмислен. Живеам со мајка ми и осумгодишниот син. Пред три години мајка ми стана инвалид. Оттогаш се движи само во количка. Порано активна личност се најде прикована за инвалидски стол.

Мојот живот исто така се претвори во кошмар, бидејќи таа целата своја непотрошена енергија ја насочи кон мене, притоа исклучиво во негативна смисла. Контролата се зголеми повеќекратно, ништо не ѝ се допаѓа, во домот нема мир, за мојот личен живот не станува ни збор… Поради тоа ми се појави депресија.

За време на викендите се обидувам да се наспијам, бидејќи на работа многу се заморувам. Земав лекови за смирување, но освен магла во главата, не добив ништо друго. Како да се изборам со оваа ситуација? Сепак треба да си го растам синот, а веќе немам сила?“

Светлана, Прилеп

Кога близок човек ќе почне да манипулира со чувството на вина, навреденост, со својата болест, со пренесување на сопствените стравови, објектот на манипулација доживува дистрес (негативен стрес). Ова, во суштина, е одбранбен механизам во вид на агресија насочена на вас. Не е едноставно да се спротивставите на тоа, но е можно.

Прв начин: „соединување“, т.е. манипулација како одговор на манипулација. Почнете да се жалите на здравјето, на умор, проблеми на работа (глумете жртва). Изгледот на ќерка што „боледува“ често влијае смирувачки на болната мајка, за разлика од апелот на здрав разум или обидите да се промени нејзиното однесување.

Обидете се да го преиспитате својот начин на живот, да формирате корисни навики… За тоа помагаат автоген тренинг, техники на дишење, јога, пливање… Не заборавајте ни да го одржувате имунитетот. Трудете се да не се повлекувате, како и да најдете некој што би можел барем да ве сослуша.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.