Оваа домашна мешавина прави чуда: Се приготвува од 4 состојки и ги елиминира уринарните инфекции

Природен лек

За инфекциите на уринарниот тракт, во 90 отсто од случаите за виновник се смета уропатогената бактерија Ешерихија коли, а оваа природна мешавина може да ги ублажи или елиминира непријатностите

Ако сте имале уринарна инфекција, знаете колку може да биде болна и упорна. Постојано чувство дека мора да мокрите иако никако не успевате, прободувачка болка и притисок. А по одењето во тоалет, се јавува болка и пецкање.

Во овој случај може да помогнат некои природни мешавини.

За инфекциите на уринарниот тракт, во 90 отсто од случаите за виновник се смета уропатогената бактерија Ешерихија коли, а оваа природна мешавина може да ги ублажи или елиминира непријатностите.

Кога ќе се здружат овие 4 природни состојки, секоја со свое благотворно дејство, добиваме моќна мешавина, која може да им помогне и на оние што со години упорно се бореле против оваа бактерија.

Состојки:
  • 250 г корен од магдонос
  • 250 г лимон со кора
  • 250 г мед (може и жалфија)
  • 2 дцл маслиново масло
Приготвување:

Ситно исечкајте ги коренот од магдонос и лимонот со кора, а потоа сите состојки, вклучувајќи ги и медот и маслиновото масло, изматете ги во блендер.

Ќе добиете кашеста смеса што треба да ја чувате во фрижидер. Секој ден наутро треба да земате по една лажица. Откако ќе ја потрошите целата количини, не би требало повеќе да имате бактерија.

Што уште можете да направите за вашиот мочен меур и за уринарниот тракт за да ја излечите инфекцијата:

Пијте многу вода

Иако ова не звучи како некој посебен лек, токму внесувањето доволно течности е најважното нешто што треба да го направите за вашиот мочен меур. Освен што водата може да помогне да ја „исчистиме“ бактеријата, уште поважно е што за време на мокрењето ќе имате што да исфрлите од себе. Пијте ги препорачаните осум чаши вода, па дури и повеќе и тоа ќе го забрза процесот на елиминирање бактерии.

Одете редовно во тоалет

Немојте да ја задржувате урината и да го одложувате одењето во тоалет, бидејќи на тој начин им помагате на бактериите уште повеќе да се размножат.

Пијте чај од магдонос

Магдоносот дејствува како диуретик, а освен што оваа напивка е освежителна, ќе го забрза процесот на оздравување.

Грицкајте краставица

Благодарение на големата количина на вода што ја содржи, овој зеленчук е идеален за прочистување на мочниот меур. Ќе ве обезбеди со доволно течности и ќе ви помогне полесно да се ослободите од бактеријата.

Пијте сок од брусница

Брусницата често се користи во лекувањето болести на уринарниот тракт. Состојките од брусницата се заслужни за спречување на понатамошното размножување на Ешерихија коли. За превенција, доволни се две чаши незасладен сок од брусница дневно.

Дополнителен совет: Одбегнувајте чоколадо, кофеин и цитруси, бидејќи тие можат да предизвикаат иритација на мочниот меур и да им помогнат на бактериите полесно да се размножуваат. Цитрусот може да ја зголеми киселоста на урината, па мокрењето ќе биде поболно.

Ако ве мачат уринарни инфекции, ова е лекот – Пијте чај од брусница или магдонос, резултатите и подобрувањето веднаш се видливи!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.