Направете нешто корисно за своето здравје: 5 совети за 5 минути

Фото: Pixabay

Знаеме дека секогаш ви недостига време, но по овие совети немате изговори да не направите нешто корисно за своето здравје уште денеска.

Приготвување домашна храна, седум-осум часа квалитетен сон, редовна физичка активност…

Не е лесно секогаш да се придржуваме до основните препораки за поздрав животен стил, бидејќи едноставно немаме доволно време за сите. Но сè додека настојуваме да ги практикуваме онолку колку што сме во можност и да вметнуваме и понекоја нова добра навика – за која не е потребно повеќе од една минута– на добар пат сме.

Затоа, прочитајте ги следниве совети – најновите научни истражувања покажаа дека можат значително да ни го унапредат здравјето.

1 Изградете посилни коски

Студијата објавена во публикацијата International Journal of Epidemiology покажа дека трчањето со траење од најмалку една минута на ден се доведува во врска со 4% подобро здравје на коските, во споредба со лицата што трчаат пократко од тоа време или, пак, не трчаат воопшто.

Тоа е особено важно во менопаузата, кога густината на коските се намалува 1% годишно. Како што е наведено во студијата, ако трчате 60 секунди на ден, ќе ги подмладите своите коски дури за четири години.

Всушност, трчањето треба да ви стане редовна навика, бидејќи процесот на градење на коските почнува една година по секојдневниот тренинг.

2 Направете пауза на половина

Пред да почнете да јадете, поделете ја храната во чинијата на два дела, советува Мишел Меј, авторка на книгата Eat What You Love, Love What You Eat. Кога ќе стигнете до другата половина на оброкот, направете пауза и забавете.

Така ќе му дадете време на хормонот за ситост да му сигнализира на мозокот дека веќе не сте многу гладни.

3 Намалете го ризикот од рак на дојка

Најновата студија на универзитетот „Лома Линда“, објавена во International Journal of Epidemiology, ја забележала врската меѓу канцерот на дојка и редовното консумирање млеко.

Студијата опфатила 53.000 жени и открила дека дури и мали количества млеко – помалку од една шолја на ден – го зголемуваат ризикот за 30%.

Од друга страна, не е забележана истата корелација кога станува збор за јогуртот и сирењето. Научниците оваа врска ја објаснуваат со тоа што клетките на канцерот на дојка се осетливи на половите хормони, како и на хормонот на раст, со кои е богато кравјото млеко.

Па, ако спаѓате во ризичната група, се препорачува да користите билни замени за млекото.

4 Плакнете 30 секунди

Тој период ќе овозможи антибактериските својства на течноста за заби да стигне до сите делови на устата. Се разбира, оваа постапка можете да ја повторувате колку што сакате во текот на денот, но препораките се дека маткањето на течноста во траење од 30 секунди треба да ви биде дел од рутината пред спиење.

Имено, кога спиеме, устата се суши и тоа им овозможува на бактериите да направат поголема штета отколку во текот на денот.

5 Подобрете го сонот

Кога ќе зајде сонцето, во нашиот дом би требало да владее потемна атмосфера, советуваат експертите. Темницата го помага лачењето на мелатонинот, хормонот на сонот, кој ќе ви помогне полесно да заспиете.

Исто така, немојте да оставате вклучена светлина во текот на ноќта, бидејќи нашата мрежница ја регистрира дури и кога ни се затворени очите, т.е. додека спиеме, а тоа може негативно да влијае врз лачењето допамин и да предизвика нарушување на расположението, па дури и депресија.

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.