Кандидата нема никакви шанси против нив: Овие производи се помоќни од лекови!

Чувари на здравјето

Со користење на вистинската храна, брзо може да се нормализира рамнотежата на бактерии и да се сопре болеста

Станува збор за инфекција до која доаѓа кога бактериите во нашите црева го губат балансот и се намножуваат. Кандидата е присутна во нашето тело, а во случај на пад на имунитетот и други неповолни фактори, таа почнува да дивее.

Кандидата ги напаѓа слузницата на усната празнина, цревата и гениталиите. Во тешки случаи, воспалението ја нарушува функцијата на внатрешните органи и преминува во хроничен облик.

Доброто е тоа што постојат производи кои помагаат во овој случај речиси еднакво успешно како и лековите.

Доколку препознаете повеќе од еден од следниве 10 симптоми, не би било лошо да одите на доктор…

  • Гасови
  • Чувство на тежина во стомакот
  • Лоша апсорпција на масти
  • Нетолеранција на млечни производи, глутен, кофеин, фруктоза
  • Болки или грчеви во стомакот
  • Констипација и слични проблеми
  • Синдром на нервозни црева
  • Хроничен замор, дијабетес, фибромијалгија, имунолошки болести, невромускуларни нарушувања
  • Недостиг на минерали и витамини, особено Б 12
  • Дијареја

Доколку кандидата е причинител на овие симптоми, што почесто јадете ги овие намирници…

Кисела зелка

Во текот на ферментацијата се ослободуваат корисни супстанции и пробиотици што ја подобруваат функцијата на цревата. Зелката ја штити микрофлората и го стимулира имунитетот, притоа создавајќи кисела средина што го спречува размножувањето на габички.

Јаболков оцет

Производот добиен со ферментација на јаболка содржи многу витамини и аминокиселини што го зајакнуваат одбранбениот организам. Ензимите ја напаѓаат кандидата на слузницата на устата и ги ублажуваат непријатните симптоми во стомакот.

Кокосово масло

Тоа содржи каприлна и лауринска киселина, која се бори против многу видови бактерии и габички, а се користи на кожата или по орален пат.

Зеленчук

Кандидата се храни со фруктоза од овошје и шеќери, затоа обидете се исхраната да ви биде богата со зеленчук. Тој ќе ги неутрализира бактериите, а одличен е и како превенција, бидејќи ќе создаде средина што не е поволна за размножување на кандидата.

Ленено семе

Во шолја топла вода ставете лажица ленено семе и пијте ја напивката секое утро за да го заштитите телото од кандида.

Лук

Најмоќниот производ од овој список, без дилема, е лукот. Може да го јадете свеж или во прав.

Зачини

Циметот, лавровиот лист и мускатното оревче се сметаат за најефикасни во борбата против патогени воспаленија. Додајте ги во чај или во храна и почнете го процесот на прочистување.

Кефир

Брз ги враќа корисните бактерии во рамнотежа и на тој начин го спречуваат растот на кандидата, а го зајакнуваат и имунолошкиот систем.

Маслиново масло

Благодарение на омега 3 масните киселини, кандидата нема никакви шанси да опстане.

Како до здрава вагинална флора? Прочитајте ги овие совети од експерт.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.