Даваат ветувања што никогаш не ги исполнуваат: Не им верувајте на овие хороскопски знаци!

Празни зборови

Во продолжение дознајте кои хороскопски знаци не се свесни за одговорноста што со себе ја носат дадените ветувања

Лесно е да се даде ветување, но многу е потешко да се исполни. Некои хороскопски знаци и покрај тоа што сакаат да го исполнат ветувањето, на крајот никогаш не го довршуваат започнатото…

Близнаци

Кога Близнаците ќе ветат нешто, тие планираат да го исполнат. Меѓутоа, постојано сакаат повеќе одошто можат да направат и може да бидат затрупани со сето тоа што мораат да го направат. Кога ќе ветат нешто, не размислуваат дали можат тоа навистина да го остварат. Тешко им е да се фокусираат на задачата, а склони се на земање преголеми залаци. Се плашат од неодобрување и дека ќе ги изневерат луѓето, па често ветуваат само колку да ветат нешто.

Водолија

Водолијата може да вети нешто само за да добие нешто друго за возврат. Ветува, но не гарантира дека ќе го одржи зборот. Знае да биде манипулатор и тоа го оправдува како личен интерес. Ако се под притисок да го исполнат своето ветување, постои голема веројатност дека нема да го направат тоа.

Терезија

Терезиите сакаат сите да ги направат среќни, односно сакаат луѓето да ги гледаат како лојални личности на кои можат да им веруваат. Па затоа, даваат ветувања што обично не ги исполнуваат. Не се искрени и не признаваат дека не сакаат нешто да направат. Толку многу ветуваат што ако почнат да размислуваат за нивните ветувања и самите ќе сфатат дека не можат да ги исполнат.

Риби

Љубезни се и сакаат да им помогнат на сите. Но нивниот проблем е тоа што тешко кажуваат „не“, односно се согласуваат на се и лесно даваат ветувања. Кога ќе дојде моментот да го остварат тоа, Рибите се премногу зафатени и оптоварени за да исполнат барем половина од дадените ветувања.

Стрелец

Ако исполнувањето на ветувањето не го оптоварува премногу, можеби ќе може да си го одржи зборот. Меѓутоа, Стрелецот е невнимателен со своите ветувања и често заборава да ги исполни. Не е злонамерен, само е малку повеќе свртен кон себеси и своите потреби. Работите за коишто сакаат да го искористат времето им се поважни од одржувањето на ветувањето.

Овен

Кога Овенот ветува, тој е сигурен дека може да го одржи ветувањето. Но тогаш ќе се појави нешто ново, Овните ќе бидат презафатени и нема да има ништо од ветувањето. Овните се согласуваат на работи без да размислат за нивната логистика, а организацијата не е една од нивните способности. Не сакаат никој да ја доведува до прашање нивната способност, па ќе ветат дека ќе направат нешто што е претешко за нив и за што ќе мораат многу да се измачат.

ФОТО: GETTY IMAGES

Дознајте и за кои хороскопски знаци март ќе биде среќен месец.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.