Како познатите личности се борат со СТРЕСОТ?: Тие најдоа ефикасни начини кои можете да ги забележите и вие

Некои мошне необични

Дали се согласувате со нивните методи?

Секојдневно се соочуваме со најразлични проблеми кои ни предизвикуваат стрес – многубројни обврски, напорен распоред, неочекувани пречки. Понекогаш, не можеме да се ослободиме од менталната или емоционалната напнатост, а често тоа доаѓа со силен физички замор.

Заедно со стресот доаѓа и анксиозноста – нејасно стравување дека ни претстои уште потешко искушение. Млади и стари, обични луѓе, но и големи светски ѕвезди, секојдневно бараат начин како да си ја олеснат состојбата. Еве како тоа го прават некои познати ѕвезди!

Промена во исхраната

Сметам дека простата храна е релаксирачка, вели Џенифер Анистон.

Си послужувам чипс, правам едноставна лазања. Дури сакам пијалаците да ми се доста едноставни – не сум љубител на комплицирани коктели со милион егзотични состојки. Еден пијалак, мала порција грицки, тоа ми е доволно, објаснува холивудската ѕвезда.

Медитација

Иако звучи комплицирано и мистично, медитацијата е многу едноставна работа. Ја сакаат Лејди Гага, Жизел Бундхен, Ема Вотсон, Миранда Кер. За да вежбате медитација, најдете мирно, тивко место, седнете удобно и затворете ги очите. Потребно е само мирно да ги „набљудувате“ своите мисли и да ги „следите“ додека доаѓаат и си одат, една по друга.

Вежбајте

Многу познати личности „бегаат“ од стресот во теретана. Елса Патаки, Деми Ловато, Клои Кардашијан, Оливија Мун се борат против стресот со вежбање.

Оливија дури зборуваше за тоа како нејзиниот терапевт прибегнал кон хипноза за да ја внесе во ритамот на редовниот тренинг.

Од понеделник сум во теретана во 6 часот наутро, вели згодната актерка.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.