Доволно е да испиете само една чаша дневно: Оваа напивка може целосно да ви го зајакне имунитетот!

Природно

Потполно природно решение за зајакнување на имунитетот

Пандемијата на коронавирус и понатаму е во ек, а силниот имунитет е во првата линија за одбрана од овој вирус. Телото најдобро се зајакнува со природни напивки, храна и витамини од овошје и зеленчук. Оваа комбинација на состојки поволно влијае врз организмот и може да го зајакне имунолошкиот систем доколку се пие редовно.

Состојки:
  • 20 г ѓумбир
  • 3 лимона
  • 2 лажици мед
  • 1/4 лажиче мелен бибер
  • 1 чаша вода
Приготвување:

Излупете го лимонот, исечете го на ситни коцки и ставете го во блендер. Додајте рендан ѓумбир и вода. Сето тоа добро изматете го и исцедете го со цедалка. Во добиената смеса на крај додајте и мелен бибер и мед.
Овој сируп чувајте го во стаклена тегла во фрижидер и секој ден пијте по 30 мл измешани со 30 мл вода.

Напомена: Доколку имате осетлив желудник, оваа напивка можеби нема да ви годи.

Еве како делуваат овие состојки на организмот:

Ѓумбирот е богат со етерични масла, калиум, манган, бакар, магнезиум и витамин Б, а во комбинација со мед и лимон му дава на организмот вистинска нутритивна бомба.

Лимонот изобилува со витамин Ц, а досега сме слушале дека е многу моќен во зајакнување на имунитетот и на целото тело.

Состојката пиперин што се наоѓа во биберот ја зголемува апсорпцијата на витамини А и Ц, селен, бета-каротен и други лековити материи, и така го подобрува општото здравје.

Како сами да ја приготвите најмоќната напивка за дамите над 50 години?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.