Домашна напивка за прочистување на крвните садови: Овие 2 моќни намирници го уништуваат холестеролот!

Народен лек

Холестеролот е болест на новото време. Речиси секој човек со повеќе од 40 години има проблем со маснотии во крвта

Холестеролот е нешто што не смеете да го сфатите несериозно. Маснотиите во крвта ги прават артериите осетливи, а тоа значи дека вашето срце е во опасност!

Од клучно значење е да ја коригирате исхраната, да се посоветувате со лекар и да испробате стари народни лекови што се докажано делотворни.

Еден од тие лекови дефинитивно е комбинацијата на лимон и лук.

Кога ќе се спојат две моќни намирници, како што се лимонот и лукот, резултатот не може да изостане. Лимонот е богат со витамин Ц, кој ги зајакнува ѕидовите на крвните садови, а содржи и цитрати, кои на природен начин ја подобруваат циркулацијата. Чешнињата лук се богат со сумпор, кој одлично ја прочистува крвта.

Рецепт од лимон и лук за прочистување на крвните садови

Состојки:

  • 300 г лук
  • 1 кг лимон
Приготвување:

Добро измијте ја кората од лимон и излупете го лукот, па сомелете ги заедно. Во еден и пол литар зовриена вода ставете ја смесата, намалете ја температурата, поклопете и оставете да се вари најмногу 15 минути. Кога ќе се олади, сипете ја во стаклен сад и поклопете.

Земајте по 500 мл од лекот на празен желудник секое утро во период од 25 дена. Направете пауза од 100 дена, па повторете ја постапката додека нивото на холестерол не се доведе до нормала.

Напивка што ги топи маснотиите и го прочистува организмот: Ќе ви требаат само 2 состојки!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.