Напивка што ги топи маснотиите и го прочистува организмот: Ќе ви требаат само 2 состојки!

Магична напивка

Напивка што ќе го прочисти организмот од токсини и ќе ги отстрани насобраните маснотии на стомакот

Летото е идеална мотивација да го доведеме нашиот организам во ред и да ги отстраниме непотребните масни наслаги околу стомакот. Оваа напивка е одлична за исфрлање токсини од организмот и за топење маснотии.

Сè што ви треба за приготвување на оваа напивка се три многу добро познати намирници: јаболко, лимон и вода.

Зошто токму јаболко и лимон?

Јаболкото и лимонот имаат бројни придобивки што влијаат врз нашето здравје, како и врз самиот процес на слабеење.

Јаболката содржат голем број влакна. Влакната го забавуваат варењето и даваат чувство на ситост. Исто така, јаболката имаат низок гликемиски индекс, што значи дека нема да ви го покачат шеќерот во крвта. Познати се и како природен извор на пектини, растворливи влакна што ја покренуваат храната низ дигестивниот систем.

Лимонот е одличен за детоксикација на организмот, помага при излачувањето течности, како и за отстранување целулит. Познат е и како нискокалоричен производ што ќе ја забави апсорпцијата на маснотии во вашиот организам. Содржи голема количина на витамин Ц, што ќе го зајакне вашиот имунитет.

Оваа напивка е одличен избор доколку не сакате да пиете само обична вода. Зачинете ја водата со овие моќни намирници и ќе бидете здрави и хидрирани.

РЕЦЕПТ ЗА НАПИВКАТА

Состојки:
  • 3 лимона
  • 4 јаболка
  • 1,5-2 литри вода
Приготвување:

Во тенџере со вода ставете 2 лимона и 3 јаболка, исечкани на кругови. Оставете го сето тоа заедно да зоврие. За тоа време, на дното од бокалот ставете 1 лимон и 1 јаболко исечкани на кругови. Кога смесата во тенџерето ќе зоврие, извадете го овошјето на чинија, а водата сипете ја во бокалот. Оставете ја да се олади, а потоа пијте ја напивката.

Одлична напивка за губење килограми: ОВИЕ 3 состојки сите ги имаме во домот!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.