Има 140 кг и пука од самодоверба: Мажите ја обожаваат, а таа заработува милиони поради изгледот!

Самодоверба до плафон

Младата инфлуенсерка со вишок килограми и со огромна самодоверба открива како се забавува и ужива во животот

Во животот многу работи зависат од ставот и самодовербата. Можете да имате прекрасно лице и тело на Барбика, а повторно да не ви оди на љубовен план, бидејќи не сте сигурни во себе или немате што друго да понудите освен убавината. Како пример нека ви послужи Оливија која има 140 килограми и самодоверба до плафон!

Оливија е позната инфлуенсерка со вишок килограми и често истакнува дека може да го има секој маж што ќе го посака. Зошто? Затоа што има позитивен став кон своето тело и животот генерално, не се срами од своите облини и вишок килограми и не дозволува секој коментар да ѝ ја разниша самодовербата, бидејќи таа знае дека е секси.

„Можеби имам голем задник, но никогаш не ми било проблем да го украдам кој било маж“, изјавила Оливија и додала:

„Во ред е луѓето да имаат преференции, но и луѓето со слично тело како моето можат да бидат привлечни и да поседуваат огромна внатрешна убавина и одличен карактер.“

Оливија зборувала и за тоа дека на жените кои не изгледаат според стандардите за убавина и кои се борат со вишокот килограми, честопати немаат храброст да се соблечат во костим за капење, бидејќи се срамат од своето тело.

„Дури и мажите што не сакаат пополни девојки, доаѓаат кај мене. Сите сме убави на свој начин, многу сме уморни од омразата само затоа што имаме вишок килограми.

Ништо не е толку ослободувачко како кога носиш бикини, а целиот свет се обидува да те посрами поради тоа“, рекла инфлуенсерката, а обожавателите ѝ порачуваат дека е прекрасна.


За самодовербата на Оливија зборува и фактот што одлично заработува од разголувањето на платформата OnlyFans. Добива многу комплименти од мажите, бидејќи покажала дека верува во себе, дека не се срами од своето тело и дека се чувствува сигурно во своја кожа.

Црвенокосата Оливија неодамна им одговорила на критиките на сметка на нејзиниот изглед, така што објавила фотографија во бикини. Објавата собрала илјадници лајкови и многу коментари:

„Прекрасна си“, „Кралице“, Толку си прекрасна“, „Неверојатна“, „Жешка дама“…

На крајот, таа им порачала на сите пополни дами да се „преправаат додека навистина не се почувствуваат самоуверено“, како и „да не им дозволуваат на нивните несигурности да ги кочат и да ги спречуваат да уживаат во животот со полни гради.“

Велат дека ја има најголемата заднина во светот на шоу-бизнисот, а сега ја покажа во полн сјај во минијатурни гаќички (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.