Докторите се убедени: Една лажица дневно од овој зачин го штити телото од канцер!

Совет од експерти

ФОТО: Pixabay

Овој зачин има неверојатни својства, според докторите

Во денешно време, болестите се сè почести, а особено канцерот. Лекарите советуваат урамнотежен начин на живот, како и консумирање што повеќе здрава храна.

Покрај тоа, има сè повеќе истражувања кои ги покажуваат здравствените придобивки на овој зачин за целиот организам и моќта што ја има во заштитата на телото од оваа опасна болест.

Одржувањето здрав начин на живот, редовната физичка активност, исфрлањето брза храна и газирани пијалаци од исхраната, сето тоа може позитивно да се одрази на целокупната состојба на организмот.

Меѓутоа, и куркумата може да помогне значително да се намали ризикот од рак и да го зајакне целиот организам. Докторите се сигурни во оваа теза, а доктор Питерсон објаснува зошто куркумата е толку добра за нас.

Куркумата е одличен лек против стареење, поради своите активни состојки. Овој зачин има силни антивоспалителни и антиоксидативни својства, кои особено ги штитат срцето, белите дробови и мозокот од бројни состојби.

Како што напоменавме, ја има моќта да го заштити телото од развој на рак или барем да ги намали шансите за развој на канцер.

Се советува да се додава куркума во секое јадење, а најдобро би било секој ден да се започнува со неа. Додајте го овој зачин во појадокот и набрзо ќе ги забележите сите предности што ги нуди.

„Многу луѓе се убедени дека животниот век во голема мера е одреден од генетиката, меѓутоа, гените играат многу помала улога одошто првобитно се верувало. Излезе дека клучни фактори се исхраната и начинот на живот“, вели тој.

„Овој зачин содржи моќно биоактивно соединение наречено куркумин. Се смета дека куркуминот поради своите антиоксидативни и антивоспалителни својства помага во одржувањето на работата на мозокот, срцето и белите дробови, како и дека штити од карцином и од болести поврзани со стареењето.“

Јогурт и половина лажичка куркума: Комбинација што го штити мозокот, крвните садови и витата линија
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.