Јогурт и половина лажичка куркума: Комбинација што го штити мозокот, крвните садови и витата линија

Вкусно и многу ефикасно

ФОТО: Pixabay

Истражувањата покажале дека токму оваа комбинација помага за согорување масти од црниот дроб

Куркумата е зачин што многу често се користи во азиската кујна и има бројни позитивни ефекти на телото. Во комбинација со јогурт, полесно се внесува во телото, а притоа е одлична комбинација за слабеење.

Овој зачин е еден од најздравите што можете да ги додадете во храната. Докажани се неговите бројни позитивни ефекти на телото и мозокот. Куркумата содржи куркумин – состојка што има антиоксидативни и противвоспалителни својства.

Куркумата како лек:

  • придонесува за подобрува на помнењето
  • помага во борбата против некои видови карциноми
  • може да го спречи или забави создавањето на крвни згрутчувања
  • помага при артритис
  • може да им помогне на луѓето што имаат дијабетес
  • може да го забави таложењето на масни наслаги

Куркумата има многу интензивен вкус, па во комбинација со јогурт, полесно е да се проголта, а истражувањата покажале дека токму оваа комбинација помага за согорување на мастите во црниот дроб, што е многу важно за слабеењето. Притоа, јогуртот и куркумата го забрзуваат метаболизмот и го забавуваат таложењето на масни наслаги.

Јогуртот дава подолго чувство на ситост и ја поттикнува работата на дигестивниот систем. Комбинацијата од куркума и јогурт се дава и во случаи на анемија.

Јогурт и куркума – рецепт за слабеење

Важно е да ви одговара комбинацијата од куркума и јогурт за да уживате во здравиот оброк. Се препорачува да ја консумирате наутро на празен стомак и попладне, но не по заоѓањето на сонцето.

Додајте половина лажичка куркума на 500 милилитри јогурт, може да додадете и повеќе ако сакате и ако не ви е премногу силен вкусот.

Може да додадете и неколку капки лимонов сок за добар почеток на денот. Ова е наједноставната комбинација за подготовка, што нема да ви одземе многу време.

Ако сакате да ја засладите вашата мешавина од куркума и јогурт, може да додадете и лажичка мед, јаворов сируп или друг природен засладувач по желба.

Освен тоа, во овој здрав оброк може да додадете и малку цимет, чиа семки и иситнети јаткасти плодови. Ако сакате да ја подобрите апсорпцијата на куркумин во телото, додајте и малку бибер.

Куркума и јогурт за прекрасно лице

Комбинацијата од куркума и јогурт е одлична за подготовка на маска за лице што ја храни кожата и придонесува за свеж изглед на кожата. Индијките редовно користат куркума за убава и здрава кожа, а може да помогне и во борбата против акните и митесерите.

Јогуртот е исто така одличен за кожата бидејќи ги отстранува лошите бактерии од кожата благодарение на млечната киселина и цинкот. Придонесува за негувана и мека кожа.

Се’ што ви треба за подготовка на оваа чудесна маска е да ги измешате следниве состојки во еден сад: 1 лажичка јогурт, 2 лажички куркума, половина лажичка мед, сок од половина лимон.

Немојте да додавате премногу лимон за да не биде маската премногу ретка. Нанесете ја маската рамномерно и оставете ја на лицето околу 15 минути. Потоа измијте го лицето со млака вода.

Она што треба да го имате на ум е дека куркумата остава жолта боја, па немојте да ја нанесувате оваа маска неколку часа пред да излезете надвор и внимавајте на облеката. Кога ќе ја отстраните маската, измијте го лицето уште еднаш со омиленото средство за чистење лице.

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.