Што?! Крај на љубовта на Џенифер Лопез и Алекс Родригез!

И овој пат не ѝ потраја

Сакаат да се ослободат од сите заеднички недвижнини за да ги поделат парите и да се разделат во мир

Светските медиуми јавуваат дека ншто од свадбата на Џенифер Лопез и Алекс Родригез, но не поради пандемијата на коронавирусот, туку поради згаснување на љубовниот жар.

Нивниот однос веќе не е како на почетокот. На Алекс почна да му пречи тоа што Џенифер постојано се фотографира и снима гола, а на пријателите им се пожалил дека таа е опседната со покажување на телотo”, изјавил извор близок на славната двојка.

Имено, гласините за проблемите во нивната врска се појавија кога свршениците поради пандемијата на коронавирусот одлучија да ја одложат венчавката, која требаше да се одржи во Италија ова лето. Одредени светски медиуми тврдат дека пандемијата била само причина плус да добијат време и да го искористат периодот за размислување дали се сигурни за таквата одлука.

Поранешниот професионален играч на бејзбол наводно уште на почетокот на врската ѝ укажал на Џенифер дека сака да има уште деца, а таа му ветила дека ќе му го оствари тоа доколку се барем една година заедно. Но потоа го сменила своето мислење што многу го разочарало Алекс.

Тој се разочара бидејќи му дала лажно ветување. Се радуваше на помислата дека ќе има заедничко дете со неа, а таа наеднаш го промени мислењето”, истакнал изворот.

 

View this post on Instagram

 

Exactly where we need to be …

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on

Иако парот на Инстаграм сè уште објавува заеднички фотографии, дополнителни гласини за нивната разделба покрена и информацијата дека пред неколку дена ја објавија луксузната куќа во Малибу на продажба.

Сакаат да се ослободат од сите заеднички недвижнини за да ги поделат парите и да се разделат во мир”, изјавил изворот близок до Џеј Ло и Родригез.

Фото: Getty Images, Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.