Додатоци во исхраната во комбинација со хронична терапија? Еве што велат експертите (ВИДЕО)

Кои додатоци во исхраната се добри за нас, дали смеат да се комбинираат и дали се добри во комбинација со хронична терапија?

При земање на додатоци во исхрана кога е пропишана и хронична терапија, треба да сме многу внимателни при изборот.

Најчесно, матичниот лекар и фармацевтот кон пациентот даваат препорака за додатоци во исхрана кои треба да се консумираат.

Додатоците на исхрана се производи безбедни за употреба доколку се употребуваат во согласнот со препорачаната доза наведена на етикетата/декларацијата на производот.

Во согласност со препораката добиена од страна на лекар или фармацевт, природниот производ може да има и индивидуална препорака за дозирање приспособена според потребата на пациентот.

Консумирање додатоци на своја рака во неконтролирани, прекумерни дози може да има негативни последици по здравјето.

Лековите пропишани од страна на лекар, како стандардна медицинска терапија дадена по процена на струќното лицет, се неопходни за лекување.

Додатоците на исхраната не се лек, нити замена за лековите! Тие можат да помогнат во снабдување на организмот со витални микронутриенти, фитоелементи и други природни компоненти за кои постојат потврдени научни сознанија дека помагаат или дека можат да помогнат во одржување на нормалната физиолошка и метаболна функција на ткивата и органите, со што помагаат за нивна заштита, побрза обнова, како и нормализирање или подобрување на нивната функција.

Секако, задоволство е да се препорача производ кој е веќе долги години опстојува на пазарот заради идеалната комбинација на витамини и минерали приспособени на возрасната потреба на пациентот.

Препорака на Аптека ДНА АННИ ФАРМ е внимателна и контролирана употреба на додатоци во исхрана во консултација со лекар или фармацевт.

CENTRUM A +CINK + LUTEIN/30 таблети

Центрум A-Z со лутеин е комбинација што нуди основни витамини и минерали за одржување на доброто здравје. Помага во метаболизмот на јаглехидрати, масти и протеини.

Содржи антиоксиданси – протективни витамини и микроелементи (како бета-каротин, витамин Ц, Е и Селен) кои го заштитуваат организмот од штетното дејство на слободните радикали.

Препаратот е поволен за возрасни и деца над 12 години.

Активни состојки: витамин А 1000 IU, бета-каротин 3000 IU, витамин Е 25 IU, витамин C 90 мг, фолна киселина 0,4 мг, витамин Б1 2,25 мг, витамин Б2 3,2 мг, ниацинамид 15 мг, витамин Б6 3 мг, витамин Б12 14 мкг, витамин D 400 IU, биотин 45 мкг, пантотенска киселина 10 мг, калциум 175 мг, фосфор 125 мг, јод 0,15 мг, железо 10 мг, магнезиум 50 мг, бакар 1 мг, лутеин 250 мкг

Дозирање – 1 таблета на ден.

Предупредување:

Пентан А-З е додаток во исхраната. Не ја надминува препорачаната дневна доза. Ако земате други адитиви, прочитајте го описот, бидејќи тие можат да ги содржат истите состојки и да доведат до случајно предозирање.

Да се ​​чува подалеку од дофат на деца.

Многу повеќе за оваа тема дознајте од м-р фармацевт Билјана Божиновска, сопственик на „Аптеки ДНА Анни фарм“ во новото видео објавено на јујтјуб-каналот на „Анни фарм“.

Текст и фото: ПР, Unsplash 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.