Чај од брусница – топол пијалак кој решава многу болести

Природен лек

Чајот од брусница има корисен ефект врз многу болести, особено на оние со урогенитален тракт. Покрај тоа што има здравствени придобивки, овој чај е вкусен и многумина сакаат да го пијат како омилен топол напиток.

Претежно се одгледува во Северна Америка и Канада, а за одгледување ѝ треба влажна почва и студена клима. Може да издржи температура до -40.

Нејзиниот лист најчесто се користи за чај. Поради високата концентрација на фенолни гликозиди, го спречува задржувањето на бактериите присутни на sидовите на уринарниот тракт. Присутните танини имаат антиинфламаторно дејство врз иритираната мукозна мембрана на уринарниот тракт, и тие позитивно влијаат на здравјето на срцето, го регулираат лошиот холестерол и ја подобруваат циркулацијата.

Тој е одличен лаксатив, помага при варење и ја нормализира работата на дигестивниот тракт. Хипуринската киселина што се наоѓа во брусницата делува како природен антибиотик. Ова му дава антибактериски и антифунгални ефекти. Ова дополнително ќе ја зајакне отпорноста на организмот и ќе ја намали можноста за настинки и вируси.

Начин на подготовка: Истурете една до две кафени лажички лисја од брусница со 250 ml ладна вода, загревајте до вриење, покријте го садот и оставете го да стои 10 до 15 минути.

Прочитајте и: Овие ДЕСЕТ работи велат дека не пиете доволно вода!

 

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.