Ви откриваме одличен трик како да ја одржувате постелнината секогаш свежа и мека

Спалната соба е омилено место за многумина после напорниот работен ден и нема ништо поубаво од тоа кога ќе се навиткате во свежа, воздушеста и мека постелнина. Се препорачува да се менува постелнината еднаш на секои две недели. И еве што можете да направите за да биде уште помека и посвежа.

Трикот е во неизбежните сода бикарбона и оцет. Тие можат да ја претворат секоја постелнина во свилена мека и свежа.

Сè што треба да направите е да ставите една чаша сода бикарбона и половина чаша оцет во машината за перење и да вклучите еден циклус на миење. Во оваа ситуација, изоставете го детергентот што вообичаено го користите.

Вториот трик е во сушење. Избегнувајте сушење во машината, закачете ги алиштата надвор за да се исушат природно. Ако сепак треба да ги исушите алиштата во машината, изберете ја најниската температура.

Прочитајте и: Поправете го патентот на обувките со два потега: Советот на овој чевлар воодушевил милион луѓе! (ВИДЕО)

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.