Ако долниот притисок ви се качи до 100, реагирајте веднаш: Шведски кардиолог открива како да го снижите БЕЗ ЛЕКОВИ

Совети од стручњаци

Високиот крвен притисок е многу опасен за целокупното здравје на организмот, бидејќи предизвикува здравствени проблеми што можат да го загрозат животот

Сите кардиоваскуларни болести започнуваат од високиот притисок, па затоа шведскиот кардиолог Матс Халдин открил четири начина на негово снижување без лекови, додека сè уште не е доцна. Проблемите до кои најчесто доведува хипертензијата се мозочен удар, инфаркт, срцева инсуфициенција, па и деменција.

Кардиологот истакнува дека алармантни граници се кога горниот притисок е меѓи 140 и 160, а долниот близу 100. Тогаш веќе е неопходно да се преземе нешто. Објаснува дека во оваа фаза притисокот може да се доведе во нормала без медикаменти, доколку сте дисциплинирани и ги почитувате следниве четири чекори…

1. Шетајте

Според лекарите, получасовната прошетка еднаш дневно може да го намали ризикот од развој на хипертензија. Доктор Матс, исто така, им советува на пациентите со висок притисок почесто да се качуваат по скали.

2. Спијте доволно

Лекарот препорачува најмалку седум часа сон дневно, како и дека не треба да се користи телефон барем половина час пред спиење.

3. Урамнотежете ја исхраната

Исхрана би требало да биде балансирана за да не се дебелеете, бидејќи вишокот килограми директно влијаат врз покачувањето на притисокот. Доктор Халдин има неколку препораки кога станува збор за исхраната, но и консумирањето алкохол и цигари:

  • исконтролирајте ја големината на порциите
  • откажете се од цигари и од претерано пиење алкохол
  • внесувајте помалку сол
  • намалете ја или потполно исфрлете ја храната од преработено месо
  • контролирајте колку внесувате намирници богати со заситени масти
  • одберете медитеранска исхрана – јадете јадења од маслиново масло, мешунки, риба, зеленчук и овошје.
4. Намалете го стресот

Докторот истакнува дека од пресудно значење е да го намалите стресот, особено за да го одржите здравјето на крвните садови и срцето.

„Понекогаш би требало да го исклучите телефонот, компјутерот и телевизорот за да одбегнете непотребни грижи“, заклучува докторот.

Во критични ситуации, крвниот притисок може брзо да се снижи со помош на ОВА: 6 традиционални методи кои проверено дејствуваат
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.