Во критични ситуации, крвниот притисок може брзо да се снижи со помош на ОВА: 6 традиционални методи кои проверено дејствуваат

Проверено!

Доколку притисокот ненадејно ви се покачи, можете да го снижите со помош на овие 6 начина

Високиот крвен притисок (хипертензија) се смета за еден од главните фактори за смрт во светот, кога станува збор за кардиоваскуларните заболувања. Па затоа, многу е важно да знаете како брзо да го снижите притисокот во критични ситуации.

Експресни начини на снижување на крвниот притисок:

1. Длабоко дишење

Опуштете се, затворете ги очите. Ова ќе ви помогне да го намалите нивото на стрес. Вдишете од стомакот и бројте до пет. Ставете ја раката на стомакот и почувствувајте како стомакот се подигнува. Потоа издишете броејќи до пет. Длабокото дишење во времетраење од 3 до 5 минути го активира протокот на крвта во ткивата на телото, рацете и нозете. Поради тоа, притисокот во артериите ќе се намали.

2. Бањање

Во када сипете вода загреана на околу 45 степени и потопете ги рацете и стапалата во водата околу 10 минути. Врелата вода ќе го поттикне дотокот на крвта во рацете и нозете, а како резултат на тоа, притисокот ќе се намали.

3. Ладна вода

Наполнете ја кадата со вода и лежете во млака бања. Лежете во кадата додека водата полека почне да се лади. Постепеното ладење на водата ќе го намали притисокот во телото.

4. Топол чај од нане

Ставете прстофат ливчиња нане во зовриена вода и оставете ги да отстојат 10 минути. Почекајте да се олади чајот и пијте го бавно.

5. Облоги од јаболков оцет

На стапалата ставете облоги од јаболков оцет и држете ги 10-15 минути. Јаболковиот оцет содржи соединенија кои донекаде го снижуваат крвниот притисок. Притисокот можете да го снижите и ако сипете 1 лажиче оцет во чаша вода и ја испиете таа напивка.

6. Валеријана

Валеријанта се смета за популарен седатив кој помага во борбата против анксиозност, стрес и напнатост. Отчукувањата на срцето се смируваат и крвниот притисок опаѓа.

Овие 9 намирници можат да ви го намалат високиот крвен притисок, еве што да применувате
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.