Ретко кој знае дека оваа билка е страшно отровна: Ја чуваме дома како симбол за празниците, а не сме ни свесни што ни прави!

Совет на експерти

Долго време важи за еден од најромантичните симболи за празниците, но всушност многу е отровна и може да ви предизвика некои прилично непријатни симптоми

Имела е зимзелено растение со бели зрна, чие новогодишно и божиќно значење се смета дека потекнува од нордиската митологија, која и денес ја следат многу народи, па и ние. Но експертите за билки и лекарите предупредуваат дека може да влијае негативно.

И покрај нејзината романтична репутација, имелата е, всушност, отровна за луѓето, порачуваат ботаничарите ширум светот.

Содржи токсична супстанција позната како форатоксин, која е особено концентрирана во листовите. Најдобро би било да не внесувате имела во својот дом, а ако сепак се одлучите да го украсите со оваа билка, држете ја што подалеку од домашните миленици и децата. И секако, од самите себе.

Експертите објаснуваат дека сите делови на билката се токсични, и зрната и стебленцата и листовите.

„Растението имела, покрај форатоксин, содржи и вискотоксин, кои се отровни протеини кога ќе се проголтаат. Од преку 1500 видови имела на светот, некои се потоксични од другите. Веројатно ќе имате посериозна реакција ако проголтате бело зрно отколку кога би испиле чај направен од ливчињата, но и во овој случај симптомите може да варираат од благи до многу тешки.“

Можните симптоми вклучуваат замаглен вид, поспаност, грозница, халуцинации, болки во стомакот, мачнина, повраќање, дијареја, но и забавени отчукувања на срцето и други проблеми во кардиоваскуларниот систем.

Експертите соопштуваат дека може да предизвика и абортус кај трудниците, но не постојат медицински докази што го поддржуваат ова тврдење.

Додаваат дека реакцијата кај детето би била посериозна отколку ако возрасен човек изеде од зрната, па задолжително треба да се побара лекарска помош што побрзо.

Имелата ги има истите ефекти и кај домашните миленици, но може да остави многу потешки последици, па затоа веднаш побарајте помош од ветеринар ако мислите дека вашиот миленик можеби изел некое зрно или грицнал од листовите. Ова еднакво важи и за кучињата и за мачките, како и за другите миленици што ги чувате во домот.

„Општ совет за да го одбегнете ризикот од труење со имела е да не ја внесувате билката дома, односно да ја држите подалеку од децата и животните“, додаваат експертите.

А ако веќе ја имате дома, отстранете ги сите зрна од празничните декорации и поставете ја на висина што не може лесно да се достигне.

Сите го обожаваме ова цвеќе, а не знаеме дека е отровно: Никако не го внесувајте ова растение во домот!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.