Исклучително често кај жените, но и кај постарите лица и бебињата, уринарните инфекции треба да ги лечите на самиот почеток, а со природни лекови никогаш не можете да погрешите.

Здрав уринарен систем ја филтрира крвта, го отстранува метаболичкиот отпад и одржува идеална рамнотежа на електролити во телото. Проблемите во овој систем се камен во бубрег, цистит, инфекции на бубрезите, инконтиненција, и многу други – а најчесто се јавуваат уринарните инфекции.

 

Дали постојат лекови во природата?

Бактериските инфекции обично бараат антибиотска терапија, која никако не би требало да ја земате на своја рака, туку задолжително да се посоветувате со лекар. Меѓутоа, она што може да ви помогне за одржување на здрав уринарен систем се билките.

Ние ви носиме неколку народни медицински рецепти.

Магдонос

Чајот од магдонос е одличен за чистење на организмот и изфрлање на вишокот на течност, а со тоа е одличен лек против уринарни инфекции.

Подготовка: Лажичка – две суви лисја (уште подобро ако имате свеж) или корен магдонос ставете во чаша врела вода и оставете да отстои десетина минути. Исцедете и испијте го чајот додека е топол. Доволни се три чаши на ден, после јадење.

Пченична свила

Во народната медицина пченичната свила е позната како одлично средство за лечење на уринарниот тракт. Покрај тоа, утврдено е и дека редовното пиење на овој чај предизвикува распаѓање на каменот во бубрегот.

Подготовка: Лажичка исушена пченична свила ставете во 3дл врела вода. Варете три минути, покријте, тргнете од шпорет и оставете да се олади. Пијте три пати на ден, по една чаша ладен чај.

Увин чај

Ува или медвеѓе грозје е билка која се користи за лекување на уринарни инфекции. Зелените ливчиња имаат антибактериско дејство и ги уништуваат бактериите и вирусите.

Подготовка: Лажичка суви лисја ува, прелијте ги со 250 мл врела вода, оставете да отскои 15 минути, исцедете и испијте без шеќер. Свежо подготвениот чај пијте го три пати на ден.

Комбиниран лек за добро функционирање на мочниот меур

Потребни состојки: 100гр свеж магдонос, 100гр корен од целер, 150гр багремов мед

Подготовка: 100гр свежо исецкан магдонос и 100 гр исецкан корен од целер помешајте со 150гр багремов мед. Додадете половина литар вода, оставете да зоврие и варете две минути со повремено мешање. Смесата оставете ја да се олади, исцедете и оставете да отстои три дена. Пијте три пати на ден по 0,5 дл, половина час пред јадење седум дена. Направете пауза од седум дена, па повторете ја терапијата.

По ова, вашите бубрези ќе бидат чисти, здрави и функционални!

Симптоми на инфекциите на уринарниот тракт:

Често мокрење, пецкање за време на мокрење, крв во урината, често мокрење, а поминуваат само мали количини урина, бол во карлицата кај жените, ректална болка кај мажите.