Вратот е многу чувствително место за шмукање со усните, па така црвените дамки, кои се последица на љубовни гризови, предизвикани се од пукање на капилари под кожата. Иако не е опасно знае да биде непријатно.

За настанување на дамките потребни се само 30 секунди интензивно цицање. Тој белег може да има црвена, виолетова, па дури и светло кафена боја.

Колку траат “последиците“?

Животниот век на вашиот љубовен гриз зависи од тоа колку силно вашиот партнер ви го цицал вратот. Дамките ќе исчезнат сами од себе во рок од една до две недели.

За нивно исчезнување не постои некој чудесен лек. Ткивото заздравува со тек на време, а дамките постепено избледуваат.

Како да го забрзате заздравувањето?

За да го забрзате процесот на закрепнување ставете ладна лажица на тоа место и вртете ја лажицата во насока на стрелките од часовникот. Најдобро е ако веднаш по појавувањето на дамката, ставите мраз во крпа и го притиснете на местото на кое е дамката. Мразот ќе го намали отокот и ќе го спречи протокот на крв. Никогаш не ставајте мраз директно на дамката бидејќи може да ја влоши ситуацијата.

Направете си лесна масажа со која ќе ја разбиете насобраната крв.