Менструална писменост – до кој степен стигнавме?

Општеството со векови го обвива овој совршено природен процес со превез на стигма, нечистотија и срам...

Дали ja криете влошката во ракавот за никој да не забележи додека одите во тоалет или, пак, се згрозувате од црвена дамка на фармерките? Ако припаѓате на новата генерација на менструално писмени жени – дефинитивно НЕ правите нешто такво. Но колкумина од нас стигнаа до тоа ниво да зборуваат јасно и гласно за менструацијата, без влакна на јазикот? Само така, низ отворени разговори, циклусите, во сите периоди на созревање на жената, може да станат помалку непријатни. А можеби дури и охрабрувачки…

Компанијата One Poll при истражување за брендот за женска хигиена Thix дошле до заклучок дека денес секој петти родител во Западна Европа вели дека не е подготвен за првата менструација на својата ќерка, а само половина тврдат дека се чувствуваат удобно во моментот кога зборуваат за тоа. Дури и во позрела возраст, жената може да се најде во непријатна ситуација обидувајќи се, на пример, да му објасни на својот директор или менаџер дека не е целосно функционална одреден ден на работа – поради менструални болки. Стигмата сè уште е длабока. Сепак, срамот од менструацијата не е само непријатност – може да биде и причина за здравствени проблеми. На пример, жената може да страда од болка, но наместо да му се пожали некому, или да му се обрати на лекар, ги игнорира симптомите како што се ендометриоза или синдром на полицистични јајници. За среќа, сѐ повеќе активисти во последно време го користат медиумскиот простор за отворено да зборуваат за циклусот и да ги натераат жените да ги третираат менструациите на нов начин.

Во актуелниот мајски број на магазинот Убавина&Здравје прочитајте ја обемната статија во која ја обработуваме менструалната писменост, односно го актуализираме потребата гласно да се зборува за сите аспекти на овој важен сегмент на женското здравје, вклучувајќи ја и менструалната сиромаштија. Овој термин се однесува на тежок или невозможен пристап до хигиенски производи, како што се влошки, тампони, чашки, долна облека и лекови против болки, како и основни хигиенски услови, како што се простор за менструална хигиена, пристап до топла вода и сапун.

Од друга страна, ви ги откриваме новитетите – анатомски подобрените производи што обезбедуваат заштита и удобност при носењето, како и новите органски и еколошки опции.

Статијата е спонзорирана од o.b. organic, тампони од 100% органски памук:

 

И поддржана од INTIMINA прва и сеопфатна линија на производи посветена на сите подрачја на женското интимно здравје.

Во продолжение, споделуваме неколку пресвртни моменти што се однесуваат на развојот на менструалната писменост низ годините:

АНТИКА

Менструалната крв се сметала за сосема нормална и ништо не се преземало за да се запре крвавењето низ облеката. Дури се верувало дека жените имаат посебни моќи за време на менструацијата.

ДО 19 ВЕК

Постојат докази дека жените од повисоките класи користеле платнени влошки, направени дома, но преостанатото мнозинство сè уште не го користеле ниту тоа.

1888 година

Се појавуваат првите хигиенски влошки за еднократна употреба, направени по моделот на завои што се користат за запирање на крвавењето кај ранетите војници. Тие за првпат се појавиле во САД, во производството на „Џонсон и Џонсон“.

1985 година

Актерката Кортни Кокс првпат го изговори зборот менструација на националната телевизија на САД кога се појави во реклама на „Тампакс“. Пред тоа, за менструацијата се зборуваше исклучиво во форма на еуфемизам, како „оние денови“.

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.