Промовирани новите Limited Edition лименки на Златен Даб

Three Kitchen & Bar беше местото на кое вчера беа промовирани новите Limited Edition лименки на Златен Даб, зад чии дизајни традиционално се потпишуваат уметници од домашната арт-сцена.

Оваа година, познатиот бренд им ја довери задачата на уметниците Елена Чемерска, Никола Радуловиќ, Руки Чуки и Ване Костуранов.

Посетителите на промотивниот настан имаа можност да се забавуваат со музиката на диџеите Shorty P и Irie Scratch, а и да добијат промотивно пакување со новите Limited Edition лименки на Златен Даб.

Уметниците кои беа поканети да учествуваат на овој проект го изразија своето задоволство од учеството во ваквиот предизвик, преку кој брендот Златен Даб редовно им пружа поддршка на уметниците и на целокупната арт сцена во Македонија.

Дизајните на Limited Edition лименките секоја година предизвикуваат голем интерес, како кај уметничката заедница, така и кај љубителите на омиленото македонско пиво, и претставуваат неизбежен дел од голем број настани, концерти, случувања.

Инаку, новитет за оваа година се и дизајнираните етикети на шишињата од 0,33 l кои ќе бидат достапни во кафулиња и ресторани.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.