Дали навистина е препорачливо миењето коса со пиво?

Што велат експертите за ова?

Миењето на косата со пиво е популарно на социјалните мрежи со недели, што треба да резултира со помека и посјајна коса. Како се изведува? Ја миете косата со шампон и добро ја плакнете, а потоа нанесувате пиво на косата и оставате да делува десет минути. Потоа следи миење и сушење на косата на вообичаен начин.

Дали пивото навистина дава сјај на вашата коса?

Пивото е богато со јаглехидрати и протеини, а сите овие соединенија создаваат одредена заштитна фолија на косата. Поради ова, косата станува посјајна, но привремено. Она што му недостига на пивото за да биде навистина добро за косата се маснотиите: шеа путер, кокосово масло – секое масло за коса кое би гарантирало нега и измазнување на кутикулата.

Дали миењето на косата со пиво може да биде контрапродуктивно?

Експертите се јасни: Може. Како прво, заштитната фолија што ја создава пивото ја прави косата поцврста и поподложна на оштетување. Затоа фризерите претпочитаат користење балсами и маски за коса бидејќи тие ја хидрираат и негуваат косата.

Исто така, ако користите пиво со алкохол, тогаш бидете свесни дека ризикувате да ја исушите косата и да ја направите кршлива. Како што ја суши кожата, алкохолот ја суши и косата.

Третиот несакан ефект од миењето на косата со пиво е – промена на бојата на косата. Ако и покрај се, сè уште размислувате да го испробате овој трик на TikTok дома, треба да знаете дека не само што нема научно докажани придобивки, туку и ненамерно би можеле да ја промените бојата на вашата коса. Пивото ја осветлува косата оставајќи ја жолтеникава.

Пивото има висока pH вредност, така што ја прави косата порозна и чувствителна на оштетување од сонце.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.